Стружанецот Агрон Џила се спрема за светски првак
Стружанецот Агрон Џила е носител на многу титули, меѓу кои и светски шампион во бокс до 24 години. Со ваква титула порано не успеале да се стекнат ни големите имиња во боксот како Тајсон, Кличко. Џила, скромен по природа, професионално има одиграно 24 меча, може да се пофали со 23 издвојувани победи а само еден пораз.
Струшкиот безистен во лоша состојба
Струшкиот безистен грда слика за градот. Грижата на надлежните за овој објект очигледно затајува, сметаат стружани. Тие бараат поодговорен однос на надлежните, дури и градоначалникот на Струга да преземе мерки, бидејќи според нив ова место ја губи својата намена на трговско продажен центар.
Повисоки казни, нови решенија
Во Собранието на Република Македонија беше изгласан новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата кој донесе повисоки казни и нови решенија во сообраќајот.
Кражба на дрва во струшко
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба на дрва“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Л.И.(31), Д.Д.(18) двајцата од струшкото село Франгово како и против Ш.М.(20) од селото Радолишта.
КУД „Дримкол“- Вевчани на Меѓународен фестивал во Грција
КУД „Дримкол“ од Вевчани преку својот детски и младински фолклорен ансамбал овие денови ја презентира Македонската култура и традиција на Меѓународниот фестивалот за музика и танци „Музика и море“ кој се одржува во туристичкото крајбрежно место Паралија.
Прилепчанка измамила струшки хотел и 52 туристи
Прилепчанка заработи кривична пријава, за сторени три кривични дела „измама“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „посебни случаи на фалсификување исправа“, при што сакала да прибави против-правна имотна корист на средства во висина од 338 068 денари.
Различни ставови за исправноста на водата за пиење во Струга
Различни ставови за исправноста на водата за пиење во Струга.
Прв кајакарско-веслачки маратон од Струга до Охрид
Четириесетина веслачи, кајакари и кануисти денес ја тестираа својата издржливост во за среќа мирните езерски води. И организаторите и учесниците задоволни од оваа за нив пионерска трка за која изразија надеж дека ќе прерасне во една убава традиција.