Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа кај Еврохотел
Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што синоќа во 19 часот и 54 минути се случи на регионалниот пат Струга-Подмољје.
Становите во Струга поскапеа, ама повеќе се продаваат
Зголемен интересот за купување на станови во Струга. Тоа го тврдат добрите познавачи од градежниот сектор. Но, исто така укажуваат дека актуелната политичка криза во државава има одредено влијание врз продажбата на становите.
Стоп за говорот на омраза кој се шири преку интернет порталите
Преку медиумите, посебно интернет порталите, се повеќе се шири говор на омраза. Фондацијата Метаморфозис организира обуки за новинари, уредници и сопственици на интернет портали за да се зајакне нивниот капацитет за препознавање на ваквиот говор. Одговорност при ширењето говор на омраза треба да сноси и новинарот и уредникот и главниот и одговорен уредник на медиумот.
Работодавачите и работниците на заедничка средба
Агенцијата за вработување во Струга го организира третиот по ред Саем за вработување.
Фондацијата „Вржоски“ со донација за учениците од Дебрца
Во Општина Дебрца се оствари средба со претставници од фондацијата “Вржоски„ основана од г-дин Крис Вржовски од Перт Западна Австралија.
Дали има надеж за струшките плажи
Дали има надеж за спас од уривање на диво изградените објектите на струшките плажи. Градоначалник Зијадин Села и министерот за транспорт и врски, Мисајловски оствариле средба со цел изнаоѓање решение за овој проблем.
Жителите на Радожда бараат поголемо присуство на полицијата
До информативната редакција на ТВМ ТелевизијА стигна соопштение од Советот на месната заедница Радожда јавно во кое стои дека оттаму јавно бараат од МВР поголемо присуство на полицијата поради се почестите случаи на криминал кои се случуваат во селото во изминатиот период.
Струшките основни училишта добија струја
Денес ЕВН ја вклучи струјата во струшките основни училишта. Претставниците на Советот на родители сметаат дека проблемот е надминат и нема да се повтори. Велат, издржавме без класичен бојкот, вршевме притисоци до надлежните институции за на децата да им обезбедиме нормални услови за изведување на воспитно образовниот процес.