Skip to main content
Сеп 15, 2015

Политичка хајка на ВМРО – ДПМНЕ, ДУИ и ЕВН, во образовниот процес во Струга. Така струшкиот градоначалник Зијадин Села ја коментира состојбата со основните училишта во Струга кои учебната година ја почнаа без струја. Сакаме да го преземеме долгот за електрична енергија и останатите долгови во училиштата, за да не дозволиме да се игра политика со децата, категоричен Села. Но, ако ЕВН не сака да слушне за тоа и ако има бојкот во училиштата, тој како градоначалник ќе го поддржел.


Сеп 3, 2015

Сојузот на композиторите на Македонија, годинава во Струга ќе ја организира јубилејната 40 Струшка Музичка Есен, која ќе се одржи од 04-06 септември во хотел Дрим, Струга.



Авг 29, 2015

Заев потенцираше дека се подготвени да ги поддржат сите процеси кои според нив ќе доведат до демократизирање на институциите во Македонија, како и тоа дека очекува до одржувањето на изборите, да паднат и првите обвинителни акти за се што е поврзано и произлегува од прислушувањето.


Авг 27, 2015

Во врска со одржувањето на културната манифестација „Струшки вечери на поезијата“, полициската станица од Струга, презема низа неопходни мерки со цел безбедно одвивање на планираните програмски активности.


Авг 27, 2015

Со прашањето за секогаш за вечнатниот конфликт помеѓу поезијата и современиот начин на живеење годинешниот добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, кинескиот поет Беи Дао им оддаде признание на Струга и на Македонија, како прекрасни домаќини на овој фестивал.


Авг 26, 2015

Во селото Белчишта се асфалтираше пристапниот пат до училишната зграда.


Авг 18, 2015

Холандски веб портали денес ја пренесоа веста за дваесетина холандски туристи кои престојуваат во струшкиот х.Изгрев, а кои се пожалиле на симптоми на повраќање и дијареа.