Skip to main content
Мар 26, 2010

Европа на дланка, пред студентите во Струга

Дипломати, амбасадори од Скопје, Брисел и Лондон во блиска иднина ќе го посетат меѓународниот универзитет во Струга. Тие на студентите ќе им одржат предавање на теми поврзани со политиката и економијата.


Мар 25, 2010

„Медицинскиот отпад“-бара спас

До 15 април ЈП „Охридски Комуналец“ ќе го подига медицинскиот отпад. Првиот човек на ЈП Сашо Алчев, вели, дека мора да се стави крај на незаконското работење и еднаш засекогаш да се реши овој горлив проблем.


Мар 24, 2010

Одбележан светскиот ден на борба против туберкулозата

Под мотото „На потег против Туберкулозата! Преку иновативност до поефикасна акција“, – активистите на црвениот Крст од Охрид, на плоштадот Чинар, делеа едукативни материјали и даваа корисни совети за борбата со оваа болест.


Мар 24, 2010

Состојбата со патиштата е очајно лоша

Лошата состојба на улиците и крпениот асвалт на локалните и регионалните патишта, им создава дополнителни проблеми на возачите. Тампон материјалот законски е недопустлив за полнење на ударните дупки. 


Мар 23, 2010

Законот за води да настапи под итно

Една институција треба да биде одговорна за управувањето со водите во Р Македонија, тврдат од Министерството за животна средина и просторно планирање. Досега повеќе институции  имаа дел од надлежностите така што не се знаеше чија е одговорноста, велат од министерството.


Мар 23, 2010

Лоши услови за полагање

Идните струшки и охридски возачи на исти терен со исти резултати. Паѓаат на гаражи. Како причина за тоа ја наведуваат лошата состојба на единствениот полигон за обука и полагање во Струга.


Мар 22, 2010

Стружани го одбележаа светскиот Ден на поезијата и УНЕСКО

Денеска покрај поезија во Домот на културата пред присутните беше прочитана и поетската порака испратена до новоизбраната директорка на Унеско, Ирена Бакова.  


Мар 22, 2010

Кој како ќе стигне

Контролните шахти од колекторскиот ситем се полнат со езерска  вода.На потегот од хотелот Метропол до плажата Лагадин направен е упад во примарниот колектор. Несовесни граѓани на своја рака атмосферските и фекалните води ги спровеле во контролната шахта на колекторскиот систем.