Skip to main content
Мар 8, 2010

Снегот дополнително ја комплицира состојбата

Струга блокирана, а неколку села потполно отцепени. Последните вренежи од снег дополнително ја влошија состојбата во Струшко. Надлежните се правдаат дека екипите се на терен и дека се работи постојано.


Мар 5, 2010

Стадо овци сардисани со вода

120 овци заложници на поплава во Струга. Од нив неколку веќе се удавиле. Исмаил Хида од струшкото село Радолишта, е сосема беспомошен бидејќи не знае како да му помогне на своето стадо овци.


Мар 4, 2010

Расте малолетничката деликвенција

Психолозите, педагозите и социолозите од сите основни и средни училишта во Струга со СВР Охрид остварија работна средба. Малолетничката деликвенција во заедницата беше темата на која се дискутираше.


Мар 4, 2010

Центар за социјални грижи : во Струга семејно насилство нема

Во 2009та год. не е регистриран ваков случај. Во Центарот за социјални грижи пријавени биле 5 случаи кои се третираат како нарушени семејни односи. Годинава, досега се работи само на еден случај.


Мар 3, 2010

На козметичар или кај tatoo артист со сини картони

Сите физички и правни лица кои се занимаваат со традиционална и комплементарна медицина, пирсинг, тетовирање и вршат активности за нега и разубавување, ќе треба да поседуваат дозвола за работа издадена од Министерството за здравство.


Мар 2, 2010

Колекција на ѕвонци

Тоа е мало национално богатство кое дава белег на еден живот и минато време кое не се враќа, вели колекционерот на ѕвонци, Вангел Наумоски. Тој во населбата Мислешево струшко, во поткровјето на својата куќа изложил 150 примероци. 


Мар 2, 2010

За подобра контрола, компјутерот во дневна!

Во 2009 до Дирекцијата за заштита на личните податоци пријава за злоупотреба на лични податоци на интернет дале 130 лица, најчесто од мрежите за дружење како Facebook.


Фев 26, 2010

Место пресуда, нова постапка

Завршниот судски претрес за Перо Шулески, обвинет за сторено кривично дело убиство, одложен. Судницата во Струга претесна за роднините на убиената Гулабинка Шулеска.