Skip to main content
Мај 27, 2015

Протест на вработените на МЈП „Проаква“, Р.Е. Водовод, Струга. Тие бараат исплата на 3 од вкупно заостанати  шест плати и гаранција за редовна плата во наредниот период. Одговрните од ЈП без конкретни ветувања дека може да им излезат во пресрет на барањата на вработените, поради бројните и големи проблеми со кои се соочува претпријатието.


Мај 26, 2015

Темелите на Мостот на љубовта се здрави и најверојатно врз нив ќе се гради новиот мост, обелоденува Ресул Хани, од општина Струга. Овој мост сеуште е во сеќавање на стружани кој пред 4 години беше отстранет поради неговата руинираност и небезбедноста на пешаците кои го користеа, а за што претходно се изјасни и експертска комисија од Министерството за транспорт и врски која изврши проценка на неговата конструкција.


Јан 30, 2022

На 28-ми јануари 2022 во ОВР Струга пријавено е пукање од огнено оружје на улицата “Партизанска” во Струга. 


Мај 21, 2015

Миграцијата најголем проблем кај младите стружани. Изготвувањето на Локалната стратегија на општина Струга за соработка со граѓанскиот сектор од страна на младинските здруженија во соработка со општината, ги дава потребните насоки како младите треба да се ангажираат, со цел да се намали ова појава.


Мај 21, 2015

Врачени дипломите на матурантите од ПСУ Јахја Кемал.


Мај 21, 2015

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Д.Б. (39) од Струга.


Мај 20, 2015

Стручноста и љубезниот однос на медицинскиот персонал во Алфа Медика Плус, рецепт за успех. Оваа ординација по општа медицина во Струга деновиве се прошири, односно отвори своја биохемиска лабораторија која во многу ќе им заштеди време, не само на своите пациенти туку и на сите останати кои имаат потреба од лабараториски анализи. Работат со современа технологија односно апаратура која за еден час обработува 240 анализи.


Мај 20, 2015

Во соседна Струга интензивно во две смени се работи на двата кружни тека и шеталиштето на кејот „Борис Кидриќ“ од едната страна на реката Црн Дрим. Локалната власт тоа го прави од сопствени средства и за сите три проекти ќе потроши околу 30 милиони денари.