Skip to main content
Сеп 25, 2010

Деградацијата на паркот на струшката плажа „Галеб“, недопустлива за екологистите. Локалната смислува начин како легално да го оправда темелот на новиот објект.


Сеп 24, 2010

Браќата Ѓорѓи и Димитар Миладинови, кои претходно беа осудени на шест и пол години затвор за случајот „Изгрев“, пуштени се  на слобода од притворот во Скопје.


Сеп 24, 2010

„Јас работам со срце“ е мотото под кое од Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид ќе го одбележат Светскиот ден на срцето.


Сеп 23, 2010

Средства во висина од 450.000 евра се потребни за поврзувањето на туристичката населба Радожда на колекторскиот систем. Градоначалникот на Струга обезбедил 150.000 евра за почеток, но побара помош од државата за останатото, бидејќи се знае кој е стопан на езерото. Министерот Јакупи рече дека лично ќе се залага за обезбедување на останатите средства за приклучок на колекторскиот систем во делот на Радожда.


Сеп 23, 2010

Во Струга одржана регионалната конференција за борба против злосторничкото здружување и примената на посебните истражни мерки.


Сеп 22, 2010

На 2-ри ноември годинава од Охрид отпочнуваат првите консултации за решавање на еден комплексен воден систем, од што целиот регион ќе има корист.


Окт 12, 2021

Сашо Јанкоски кандидатот за градоначалник на Вевчани од редовите на СДСМ ветува просперитетна општина. Досега реализирале бројни проекти во висина од околу 2,5 милони евра. Со развојот на општината не запираат, туку ќе продолжат со инфраструктурни зафати според потребите на жителите.


Сеп 22, 2010

Во населбата Даљан, Охрид, во непосредна близина на подрачната единица на ОУ Св. Климент Охридски, постојат објекти опасни по живот.