Skip to main content
Апр 16, 2015

Едно лице е повредено во пукањето од огнено оружје што се случи попладнево во спортска обложувалница во Струга. 53- годишно лице од струшкото село Велешта се здобило со повреди во градниот кош по што е пренесено во Општата болница во Струга, а потоа, поради сериозноста на повредите е префрлено во Ургентен центар во Скопје.


Апр 16, 2015

Собирање на шумски плодови, еко туризмот и производството на еколошки производи за многу домаќинства во регионот на планинскиот масив Јабланица – Шебеник, претставуваат примарен или секундарен прход. Таквите примери не се чести но треба да се вреднуваат и промовираат. Оваа е пораката на организаторите на ИПА прекуграничниот проект за Подобрување на прекуграничната соработка и развој на планинакиот масив Јабланица -Шебеник преку активна вклученост на локалното население.


Апр 16, 2015

Струшките советници на СДСМ и ДУИ после час и половина чекање да отпочне 26 тата седницата, си заминаа. Тие обвинија дека станува збор за несериозност на јавната администрација и на претседателот на Совет, и не можноста коалиционите партнери да се договорат меѓу себе.


Апр 15, 2015

Р. Македонија и  Р. Албанија постигнаа одличен напредок со реализација на проекти од ИПА Програмата за прекугранична соработка, во сите области, истакна Министерот за Локална Самоуправа. Ова министерство искористило дури 80% од фондовите на ИПА програмата, тврди министерот Лирим Шабани.


Апр 15, 2015

ДУИ треба да излезе од владата, со што ќе се отвори можност за формирање техничка влада. А аферата со прислушкување да се искористи да се декриминализира политиката, за никогаш повеќе да не ни се повтори ова што се случува, изјави струшкиот градоначалник и претседател на ДПА, Зијадин Села. Тој додава дека граѓаните не сакаат етнички тензии и доколку дојде до конфликт тој ќе биде намерно предизвикан од политиката.


Апр 11, 2015

Изработката на нови архитектонски решенија преку слушање на јавното мислење е крајната цел на проектот „Градот кој никогаш не спие“. Во рамките на овој проект, 15 архитекти и дизајнери дваесетина дена ќе креираат нови урбани решенија за градот на поезијата.

 


Јан 28, 2022

На 28-ми јануари 2022 година во 00:20 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Ш.А. (61) од струшкото село Делогожда.


Апр 4, 2015

Ова се само дел од алатките кои хотелот Дрим од Струга ги применува во насока на проширување не само на бројот на гостите, туку и земјите од кои тие доаѓаат. Една од нивните иновативни идеи, струшките кепенци, сеуште функционира и им нуди на туристите автентично искуство.