Skip to main content
Мај 7, 2010

Во Струга одбележан денот на Европа 9 ти Мај. На Македонија местото и е во големото европско семејство, порача првиот човек на општина Струга, Рамиз Мерко. Евроамбасадорот Ерван Фуере изненаден од спектаклот што општината го приредила по повод овој ден.


Мај 8, 2010

Голем број верници, во Струга, синоќа во црковниот храм Св.Ѓорѓи се помолија и ги целиваа светите мошти на Св. Георгиј Победоносец. Монахињите од истоимениот манастир од Рајчица ги донесоа светите мошти пред да се изведе вечерната служба.


Мај 6, 2010

Граѓаните реагираат на неконтролираната сеча на дрвјата од страна на Македонски шуми. Тие се плашат дека поради овој проблем ќе се загрозат изворите на планината од каде добиваат вода за пиење, но и од лизгање на земјиштето. Директорот на македонски шуми вели дека сите активности на Јабланица се одвиваат според соодветна планска докумнтација.


Мај 6, 2010

„Кога градителот внесува дел од себе во објектот, тогаш објектот добива душа“, вели Влатко Кавај, кој речиси четириесет години гради едрилици.


Мај 5, 2010

Се буди свеста кај охриѓани за одржување на јавната чистота низ охридските улици. Тие веќе имаат конкретни барања до Kомуналец. Да се постават корпи за отпадоци на потегот болница до населбата бараки.


Мај 5, 2010

Филм кој ќе посакате да го премотате назад…


Мај 4, 2010

Не престанува човечкото злосторство кон животната средина, обвинија денес струшките екологисти, Со изградбата на дополнителна шахта од страна на МЈП „Проаква“, тие сметаат дека во опасност се доведува еко системот на реката Црн Дрим.


Мај 4, 2010

Три децении по смртта на Јосип Броз Тито, пресушија солизте за државникот кој беше еден од оснивачите на движењето на Неврзаните.