Учениците и вработените од ОУ „Дебрца” засадија 300 садници
По повод Денот на дрвото-Засади ја својата иднина учениците заедно со вработените од ОУ ,,Дебрца” с. Белчишта и вработените во Општина Дебрца на чело со градоначалникот Г-дин Игор Трајкоски засадија повеќе од 300 декоративни садници.
Охриѓани на операција одат во Струга
Охриѓани на операција одат во соседна Струга. На струшкото хируршко одделение една третина од пациентите се од Охрид, информира директорот на Општа болница Струга. Додека пак според статистика на охридската Општа болница, хируршкото одделение во Охрид, бележи зголемување на бројот на операции. Од таму тврдат дека ниту еден пациент не бил препратен на друга клиника но додаваат дека пациентите и сами одлучуваат каде ќе се оперираат.
30 години „Порака Нова“
Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства, „Порака Нова“ од Струга ја одбележува триесетгодишнината од своето постоење.
Еден милион учесници бележи проектот на отворените забавни фудбалски школи
Годинава, хуманитарниот проект отворени забавни фудбалски школи, бележи завидна бројка од 1 милион учесници кои поминаа во нивните активности. Вчера во Струга за прв пат се формира интернационален совет со претставници од 20 земји од целиот свет, кои ќе одлучуваат во која насока ќе се движи овој најброен проект следниве 5-6 години.
На стружани им треба нова болница
На стружани им треба нов болнички комплекс или реконструкција на постоечкиот, изјави Ментор Ибраими директорот на општата болница. Според бројот на пациенти и интервенции струшката болничка установа може да прерасне во регионален центар доколку се реши просторниот проблем, додава директорот.
Наскоро повеќенаменско спортско игралиште во село Оровник
Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски беше во посета на село Оровник каде се изведуваат градежни работи за изградба на повеќенаменско спортско игралиште во дворот на основното училиште во селото.
Презентирани резултатите од проектот ИРЕКо
Пилот проект, спроведување на енергетски контроли на 4 јавни објекти во Југозападниот плански регион, добија 4 општини од овој регион. Во Струга беа презентирани постигнатите резултати од спроведувањето на проектните активности во Југозападниот плански регион во период од 15 месеци колку што беше времетраењето на проектот ИРЕКо.
Стружанец при преглед на полицијата исфрлил опаковка со кафеава прашкаста материја
Во Струга е приведен 44-годишниот Б.Б. кој при преглед извршен од полициските службеници во струшката населба „Плитишта”, исфрлил една опаковка со кафеава прашкаста материја.