Предизборната политичка клима во Струга се вжештува
Партиите од Струга ги кројат листите за своите кандидати за пратеници. Додека во ВМРО-ДПМНЕ кандидатската пратеничка листа ја крои централата во Скопје, во СДСМ членството на општинско ниво предлага свои кадровски решенија, а конечниот избор ќе го направи централата.
Ден на реката Дрим
Денес во канцеларијата на Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридско Езеро во Салата на СРЦ Атина Бојаџи Охрид, официјално ќе ја презентира заложбата за одбележување на Ден на реката Дрим.
Стоп за инцидентите во струшките гимназии за време на изборите
Во двете струшки гимназии „Нико Нестор“ и „Д-р Ибраим Темо“ нема место за конфликти и инциденти меѓу средношколците, посебно во предизборниот период. Директорите тврдат дека целиот наставен кадар ќе биде ангажиран за да не дојде до инциденти.
Пронајден хероин во куќа во Струга
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ полициската станица од Струга против Д.У. (67) поднесе кривична пријава.
Полицијата и невладиниот сектор ја официјализираа соработката
Денес во хотел Дрим Струга беше промовирано регионалното поврзување на невладиниот сектор и СВР Охрид. Тоа претставува суштински чекор за унапредување на соработката помеѓу полицијата и невладиниот сектор, во насока на градење на меѓусебна доверба и партнерски однос во решавањето на безбедносните проблеми на граѓаните.
Посета на ученици во струшкиот Совет
Четвртоодделенците од ОУ. „Браќа Миладиновци“ беа во посета на Советот на општина Струга. Целта на посетата беше воведување на учениците во општествениот и социјалниот живот како и градење на здрава единка за во иднина, велат наставниците кои ги предводеа учениците.
5000 денари за првото новороденче во Општина Дебрца годинава
Новороденчето е девојче Славица Мувческа од село Требеништа, која се роди на 01 февруари годинава.
Потпишан Меморандум за поддршка на соживотот во Струга
Општина Струга и мисијата на ОБСЕ во Македонија партнери во напорите за градење соживот и за побезбедни училишта. Амбасадорот на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, Ралф Брет и градоначалникот на oпштина Струга, Зијадин Села денеска потпишаа Меморандум за соработка кој се однесува на проектот „Медијација за промена“, кој го спроведуваатдвата струшки средношколски центри, Нико Нестор и Ибраим Темо.