Skip to main content
Апр 2, 2010

Пороците демнат на сите страна. Алкохолот се повеќе меѓу младите. Прекумерното користење на алкохол по себе повлекува и други негативни последици. Посебно загрижува што женската популација е на тапет и тоа на се помала возрасна граница, вели Драгица Павлеска Попеска од НО „Езерка“.


Апр 2, 2010

Квалитетот на белата техника што се продава во нашата земја сеуште не се испитува во современа лабoраторија. Засега, купувачите при изборот  на производите не можат да бидат сигурни колку она што го купуваат е безбедно и квалитетно.


Апр 1, 2010

Фекалиите  од септичка јама во селото Орман, причина за угинувањето на јата плашици  и грунци. Еколошкиот инцидент кај локалниот инспекторат го пријавија екологистите од Грашница.


Апр 1, 2010

Не престанува атакот кон водните ресурси во градов. Водата во каналот Студенчишта прекриена со сини дамки. Рибарите велат дека се работи за остатоци oд боја. Инспекциските служби и овој пат затаија.


Мар 31, 2010

Децата со физички хендикеп кои се наоѓаат на лекување во специјалната болница Св. „Еразмо“, добија скромни подароци од Гимназијата СОУ „Св Климент Охридски“.


Мар 31, 2010

Вчера околу 14 и 30 часот во ПС Струга пријавен е случај на починат малолетник. Се работи за Илир Села од струшкото село Ливада. Тој вчера бил донесен во болницата во состојба на клиничка смрт. Таму само  ја констатирале само смртта. Причините не се познати.


Мар 30, 2010

Акцијата се одвиваше на две локации и тоа над селата Делогожда и Калишта. Овој пат кон акцијата се придружија и претставници на јапонската влада од проектот за чистење на Струга.


Мар 29, 2010

Акцијата „Ден на дрвото“, ќе се спроведе и во Охрид и Струга. Годинава во неа се приклучува и приватна Охридска фирма која на свој трошок обезбедила садници.