Потпишан Меморандум за поддршка на соживотот во Струга
Општина Струга и мисијата на ОБСЕ во Македонија партнери во напорите за градење соживот и за побезбедни училишта. Амбасадорот на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, Ралф Брет и градоначалникот на oпштина Струга, Зијадин Села денеска потпишаа Меморандум за соработка кој се однесува на проектот „Медијација за промена“, кој го спроведуваатдвата струшки средношколски центри, Нико Нестор и Ибраим Темо.
Советот на општина Струга ја одржа 12 тата седница
Советот на општина Струга ја одржа 12 тата редовна седница. Кратки дискусии и забелешки струшките советници имаа околу завршната сметка на буџетот на општина Струга за 2013 година, дел од нив сметаат дека средствата наместо да се користат за развојни проекти истите се трошеле за административни трошоци.
Струга интензивно ќе го развива риболовниот туризам
Почнува да се развива риболовниот туризам информираат од Пастрмка- Струга. Сите заинтересирани граѓани од Струга, Македонија како и граѓани од соседните земји можат да извадат дозвола за рекреативен риболов, која важи една година и изнесува 1600 денари.
Утре средба на градоначалникот Села со амбасадорите на ОБСЕ и Швајцарија
Утре (Четврток), во 13.03.2014, со почеток во 12 часот, Градоначалникот на Општина Струга, Зиадин Села, ќе оствари средба со Амбасадорот Ралф Брет од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Амбасадорот на Швајцарија, Стефано Лазарато.
Ќе се гради пешачка патека Ташмаруништа – Струга
Советот на општина Струга за утре, 13 март ја свика 12- есетта седница.
Дискриминација при вработување во Струга
Во Струга постои дискриминација при вработување посебно на припадничките на женскиот пол, обвинуваат од НВО Езерка. Меѓутоа за жал таа дискриминација ниту се пријавува ниту пак тие што се дискриминирани сакаат јавно да проговорат за проблемот, вели претседателот на невладината од Струга Драгица Павлеска Попеска.
Стартува проектот „Образованието и полицијата против дрогата во заедницата“
Реализацијата на овој проект ќе започне пред професорите и психолошко-педагошките служби во средното училиште „Нико Нестор “, во Струга, а во наредниот период и пред учениците и нивните родители.
Двајца полициски службеници од Струга заработија парични казни
Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 12 решенија против 12 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 1, 2, и 4, и член 207 став 1 точки 1, 8, и 15 од Колективниот договор на МВР.