Окт 26, 2023
Агенцијата за вработување Струга
Се намалува невработеноста во струшко
Годинава невработеноста е намалена за 5% во однос на лани. Најдефицитарен кадар во туристичка Струга е квалификувани работници во хотелско угостителскиот сектор, здравството и образованието. Од Агенцијата велат во регистарот на невработени дел се активни баратели на работа, но дел не бараат работа, се запишуваат само за здравствено осигурување.
Окт 24, 2023
Луѓето во третата доба, оставени сами на себе
И покрај иницијативи и ветувања Југозападниот регион без Дом за стари лица
И по деценија со иницијативи и ветувања, Југозападниот регион во земјава се уште нема дом за стари лица. Поради иселувањето на младите, евидентен е порастот на стари лица кои бараат згрижување. Пензионерските здруженија бараат министерството за труд и социјална политика и Сојузот на пензионери да преземат мерки за надминување на проблемот.
Окт 19, 2023
МВР
При претрес во Велешта пронајден пиштол
По целосно документирање на случајот против лицето кај кое било пронајдено оружјето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Окт 19, 2023
ЈП Еремија Вевчани
Во Вевчани поставени контејнери за електричен отпад
Од општината апелираат до жителите за одговорно и свесно однесување и правило користење на поставените контејнери.
Окт 18, 2023
Недела за борба против гладта
Илјада семејства од охридско-струшкиот регион немаат ниту за леб
Околу 1000 семејства од охридско – струшкиот регион се борат со глад. Економската криза и поскапувањето на цените најмногу ги погоди многудетните семејства, заедници со болни и инвалидизирани и самохраните родители.
Окт 18, 2023
Здравствена заштита
Болни деца од шест општини прегледуваат педијатрите во Струга во викенди, празници и ноќна смена
Пет педијатри, во струшката болница се грижат за лекување на децата од целиот регион, од општините Охрид, Струга ,Вевчани, Дебар, Дебрца и Ресен.
Окт 17, 2023
Центар за социјални работи Струга
Во пораст семејното насилство во струшко
Социолозите велат жените и натаму живеат со насилникот, не бараат заштита, а главна причина е слабата економска состојба на жртвите.
Окт 17, 2023
Општина Вевчани
Привршува реконстукцијата на улица “Шопев мост – Здравствен дом Вевчани”
Станува збор за проект со кој се подобрува локалната патна мрежа и пристапот до Здравствениот дом “Д-р Светозар Чочороски”.
