Skip to main content
Јул 12, 2013

Специјалната болница за нефрологија од Струга, да се изземе од јавниот повик за давање под концесија, реагира медицинскиот персонал на оваа установа. Од таму инсистираат на средба со Министерот за здравство Никола Тодоров, со цел да му  предочат дека болницата е многу повеќе од самиот процес на дијализа.


Јун 29, 2013

Синоќа на регионалниот пат Струга-Дебар, во сообраќајна несреќа животот го загуби 24 годишната Елвира. Ш од Струга.


Јул 1, 2013

 Започна акцијата за рушење на  дивоизгрaдените објекти на двата кеја од Дрим.


Мај 29, 2013

Грда слика на струшките плажи кои не се под концесија. Обраснати во трева, преполни со расфрлано ѓубре, а недоизградените, урнатите и руинирани објекти дополнително ја нагрдуваат струшката крајбрежна линија.


Мај 28, 2013

Најмоќниот политички субјект коалицијата „Заедно за Струга“, не попушта. Од таму инсистираат, градоначалникот Зијадин Села да покаже респект и претседател на Совет да биде од редовите на оваа коалиција. Само така струшкиот градоначалник ќе упати силна порака за соживот и толеранција во општина Струга, додаваат од таму.


Мај 24, 2013

ПСУ „Јахја Кемал“, од Струга бележи успех на уште една генерација. Синоќа во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ се одржа цремонија на која на матурантите од оваа установа им беа доделени завршните дипломи.


Мај 23, 2013

Патронот на О.У. „Гоце Делчев“ кој секоја година се одбележува во средината на мај, годинава ќе се одржи на 8 ми јуни во рамките на манифестацијата „Гоцеви денови“. Отстранетата биста на Гоце Делчев од пред истоименото училиште во струшкото село Подгорци, причина поради што се доцни одржувањето на манифестацијата, информираат од организациониот одбор.


Мај 22, 2013

Струшкиот Совет не избра претседател. Политичката партија ПЕИ излезе од колаицијата со ДУИ. ДУИ пак, ја напушти седницата. Ваков беше епилогот на денешната прва седница на струшкиот  Совет.