Skip to main content
Мај 9, 2013

9 ти Мај денот на победата над фашизмот, како и Денот на Европа, одбележан во Струга. Повеќе делегации положија свежо цвеќе пред Споменикот на револуцијата. Пригоден говор по повод денот имаше претседателот на струшкиот сојуз на борци Ајредин Мемеди.


Апр 27, 2013

Одржана првата конститутивна седница на струшкиот Совет. На 25 советници од страна на надлежната комисија им беше веривициран 4 годишниот мандат. Струшките советници и официјално ја дадоа и потпишаа свечената изјава со која се обврзуваа да ги бранат граѓанските интереси.


Апр 26, 2013

За најмалите стружанчиња кои посетуваат градинка, денес се одржаа прилагодени предавања за значењето на вакцините.


Апр 25, 2013

Јас сум од денеска градоначалник на сите граѓани на Струга и овој мандат ќе го искористам за доброто на сите без разлика на нивното етничко, политичко и верско убедување – изјави Зијадин Села на чинот на примопредавање на градоначалничката функција во Струга.


Апр 22, 2013

Несреќен случај се случи вчера попладне, околу 19 часот,  во близина на Ташмаруништа, во водите на реката Црн Дрим.


Апр 19, 2013

Во атарот на О.У. „Јосип Броз Тито“ дел од училишниот двор е узурпиран од страна на приватно лице, кое одгледува кучиња. Родителите и раководните структури на училиштето реагираат и бараат надлежните институции да делуваат со цел проблемот во најбрз можен рок да биде надминат.


Апр 17, 2013

Добри практики од Македонија за Албанија.Станува збор за проект кој отпочна во мај минатата година и ќе трае 18 месеци а се изведува преку меѓугранична соработка на РЦЕРД албанското здружение и Еколошкото друштво „Натура“од Струга.


Апр 16, 2013

Нема демократија додека има уцени, изјави кандидатот за градоначалник на ДПА Зијадин Села на денешното обраќање пред медиумите. Во Струга мора да се зачува кревкиот мир.  Тој најави тужби до министри, пратеници и управни судии.