Skip to main content
Мар 28, 2013

Владимир Кочоски заедничкиот кандидат за градоначалник на „Сојузот за Струга“, ќе започни од Лабуништа, ќе гради во Радожда и во Боровец , во Октиси и Враништа, нема да го заборави Радолишта, треба многу работи да заврши и во Јабланица и Подгорци, истакна Лилјана Затуроска пратеничката од ВМРО – ДПМНЕ.


Мар 27, 2013

„Победата на Владимир Кочоски во Струга е чиста“, се огласија денес од коалицијата „Сојуз за Струга“. Тие повикаа на 7 април народот уште еднаш да ја потврди убедливата победа на заедничкиот кандидат за градоначалник и да ја поткрепат најјаката политичка сила во Советот.


Мар 23, 2013

Работите околу изградбата на Музејот на вода во Струга, тапкаат во место. Единствено оптимистичките најави на Министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска, влеват надеж дека сепак големото значење на археолошкиот локалитет на устието на Дрим, ќе излезе пред очите на јавноста и ќе биде сведоштво за некогашното наколно живеалиште кое постоело тука, за што зборуваат бројните артефакти, кои се пронајдени.


Мар 22, 2013

Чекориме кон Европска Струга. Струга е подготвена како никогаш, а стружани цврсто решени да се изборат за својата иднина. Само со доверба од граѓаните без оглед на нивната партиска определба, може да го постигнеме тоа, порачаа од коалицијата „Сојуз за Струга“.


Мар 21, 2013

Денес на Светскиот ден на Дауновиот Синдром, потенцираат дека ова се лица кои сакаат да се дружат, да учат, да бидат вклучени во социјалниот живот.


Мар 21, 2013

Тие побараа да нема семејно гласање и принудување од било каков вид. Изразија надеж дека овие избори сепак ќе поминат без никакви тензии.


Мар 20, 2013

Промоција на спомен собата на Др Незлобински во Струга, по повод одбележувањето на 85 години од основањето на музејот. На отварањето беше присутна и Министерката за култура Елизбета Канческа Милеска, која заедно со директорот на Музејот Др Сашо Цветкоски зборуваа за значењето на оваа музејска поставка, како и за др Никола Незлобински и неговите почетоци на музејската дејност во Струга.


Мар 20, 2013

На престојните Локални избори треба да покажеме единство и одлучност, бидејќи доживуваме историски моменти за Струга, сметаат кандидатите за советници од заедничката листа на СДСМ и ВМРО- ДПМНЕ за Струга.