Skip to main content
Јан 5, 2013

Продажбата на вториот објект од МЈП „Проаква“ Струга, не помина кај струшките советници. Градоначалникот Рамиз Мерко смета дека на местото каде што сега се наоѓа една стара руинирана зграда на работна единица „Водовод и канализација, треба да никне нов современ бизнис капацитет кој ќе донесе нови инвестиции во градот.


Јан 2, 2013

Верските објекти во Струга нема да плаќаат комуналии. Струшките советници одлучија, сите верски објекти на подрачјето на општина Струга кои се предмет на легализација да бидат ослободени од надоместокот за користење градежно земјиште.


Јан 1, 2013

Прво па женско. Од струшкото гинеколошко одделение кое веќе две години функционира не само за потребите на општина Струга туку и за Охрид, велат дека годинава ќе ни биде бериќетна.


Дек 29, 2012

„Денес над Македонија“ за прв пат била испеана од културниот деец од Струга, Владо Малески на новогодишната игранка за дочек на 1942 година во домот на Сотир Шута.


Дек 29, 2012

Втора година со ред, талентираните средношколци од музичкото училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“ ги загреваа случајните минувачи со своите ноти.


Дек 27, 2012

Струшките социјалдемократи два дена ги блокираат главните крстосници во општината. Протестите продолжуваат и денес и утре во интерес на граѓните на Струга поточно во заштита на демократијата и слободата како основни човекови права загарантирани со Уставот на Р. Македонија, изјави претседателот на ОО на СДСМ.


Дек 25, 2012

Струга го одобри предлог буџетот за 2013 год. Тој е тежок 12 милиони евра. Годинава во споредба со лани, буџетските средства на општина Струга се намалени за 21.3%.


Дек 20, 2012

Националната установа Музеј Др. Никола Незлобински  одбележува 70 години од смртта на рускиот биолог и зоолог и хуманист.