Skip to main content
Дек 1, 2012

И годинава струшките земјоделци ќе можат да конкурираат за добивање средства од  Програмата за рурален развој за 2012 година. Таа, од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беше објавена вчера.


Ное 30, 2012

„Насилството е наша реалност, информирај се, заштити се“. Ова е годинешното мото на кампањата за борбата против насилството. Струшкиот невладин сектор заедно со релевантните институции активно се вклучени во системот за заштита од семејно насилство во државава, преку голем број на мерки, механизми за поддршка и помош на жртвите.


Ное 29, 2012

Струга доби две најсовремени возила за итна медицинска помош. Струшкиот Здравствен Дом е меѓу првите во државава кој својот возен парк го поднови со две од 69- те целосно опремени возила кои ги набави Мин. За здравство а беа наречени, подвижни болници .


Ное 28, 2012

Дали позицијата на античкиот Мегалополис е во Враништа? Најновите археолошки ископини кои деновиве се изведуваат на т.н. локалитет „Црквени ливади“, треба да дадат клучни информации за да се потврди тоа, сметаат струшките археолози.


Ное 27, 2012

Никна современо училиште во Вевчани. Оваа инвестиција на Владата на Р. Македонија, вредна над 1 милион евра долгорочно ќе го реши просторниот проблем со кој досега се соочуваше Вевчанското О. У. „Страшо Пинџур“, изведувајќи настава во општинската зграда.


Ное 27, 2012

Родителите многу ретко  од мала возраст ги носат своите деца во библиотека за децата да стекнат читачка навика.


Ное 22, 2012

И децата кои живеат во руралните средини не се поштедени од пороците на 21 век. О.У. Св. Климент Охридски, с. Мороишта Струга, го одбележа денот на детето. Активностите кои беа спроведени под мотото „Децата имаат право на детство“ беа во соработка со НВО „Езерка“, Струга.


Ное 20, 2012

Неизвесна судбината на поранешната струшка канцеларија на Агенција за поддршка и развој на туризмот.