Јан 13, 2012
Вевчанци ја погребаа Грција
„Ненедејно, после долго нервирање не напушти нашата мила сосетка бившата Турска провинција HELL ASS, Grcija Eladaa, во својата 181 година. Погребот ќе се изврши во центарот на Вевчани. Ова беше една од поспецифичните маски на Вевчанскиот карневал 2012 год.
Јан 12, 2012
Принуден одмор за вработените од „Проаква“
Поголемиот дел од вработените на Меѓуопштинското Јавно претпријатие „Проаква“, во наредниве три месеци одат на принуден одмор. Причина, големите долгови на ова претпијатие кои моментално, изнесуваат околу дваесет и пет милиони денари.
Јан 11, 2012
Незаконски буџет или недолични политички игри
Последниот збор за законитоста, или не, за буџетот на општина Струга за 2012 година, ќе го кажат инспекциските служби од надлежното министерство за Локална самоуправа.
Јан 11, 2012
Обид за намалување на загубите на вода од водоводната мрежа
Донација на Владата на Република Македонија за три јавни претпријатија во опрема за детекција на ваквите загуби. Раководителите на Проаква со став дека, штедењто на вода оваа година ќе биде приоритет, бидејќи водоснабдувањето од изворите бележи тендеција на континуирано опаѓање во последните три месеци.
Јан 10, 2012
Стружани се подготвуваат за 40-тиот меѓународен ракометен турнир
Започнаа подготовките за 40 тиот меѓународен ракометен турнир, кој ќе се одржи ова лето во Струга. Поддршка за сортитите и спортските работници денеска пристигна и од првиот човек на агенцијата за млади и спорт, директорот Лазе Поповски. Тој е оптимист и вели дека ќе се направи се, со буџетот кој ќе го има турнирот да се направи многу повеќе отколку што некој очекува“.
Јан 9, 2012
ВМРО-ДПМНЕ Струга: -Струшкиот буџет е незаконит!
Не стивнуваат реакциите за буџетот на општина Струга за 2012 година. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ вели буџетот е донесен спротивно на законите и оттука тој не произведува правно дејство. Тие се изјаснија и за причините за неподдржувањето на новиот буџет.
Јан 7, 2012
Буџетот на општина Струга, топ тема
Буџетот на општина Струга, спротивен на граѓанските интереси. Овој акт за 2012 есета година кој на 5 ти јануари годинава доби зелено светло од Советот на општина Струга, осуден од пратеничката на ВМРО – ДПМНЕ, Лилјана Затуроска.
Јан 7, 2012
Вевчани одбројува до почетокот на Василичарскиот карневал
Традиционално до последниот ден не се познати маските кои ќе продефилираат на 13ти. Како и секогаш карневалот со богата музичка програма, а организаторите очекуваат околу 30 000 посетители, но и присуство на странски телевизиски куќи.