Skip to main content
Ное 29, 2011

Невладината  „Еврофорум“, под менторство на Локалната агенција за развој од Струга го промовира проектот „Зајакнување на капацитетите на Комисијата за односи меѓу заедниците“. На промоцијата на проектот присуствуваше висока делегација од Програмата за развој на Обединетите Нации предводена од Алесандро Фракасети.


Ное 26, 2011

Директорите на двете средни Струшки училишта Нико Нестор и Ибраим Темо, уверуваат дека меѓуетничките односи во овие образовни институции се стабилни. Тие откриваат дека по неодамнешниот  инцидент, тепачката меѓу ученици од Охрид и Струга на автобуската постојка, во училиштата повеќе се зборувало за меѓуетничка толеранција.


Ное 24, 2011

За начинот и постапката за регистрирање, Упаравата организира обуки во сите градови од републиката, со цел земјоделците да ги дознаат правата и обврските кои ги нуди начинот за паушално оданочување.


Ное 22, 2011

Неодамна формираната Локална иницијативна група која функционира во рамките на Локалната агенција за развој, ја спроведе оваа граѓанска акција со малку пари и добра воља на граѓаните.


Ное 18, 2011

Во Враништа учениците месец дена учат во незагреани училници, додека пак во струшкото О.У. „Јосип Броз Тито“, парното се пушта само наутро.


Ное 15, 2011

Оваа иницијатива е дело на група македонски спортисти и уметници, а како реакција поради изоставувањето на придавката „македонски“ во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија.


Ное 14, 2011

На денешната 33 -та седница на струшкиот совет го усвои ребаланс на буџетот. Според законската процедура до 15 ноември  општините мора пред советниците да ги стават на разгледување потербиет за ребаланс на буџетот  доколку има за тоа потреба да се произнесат. Градоначалникот Рамиз Мерко пред советниците ја истакна потребата од ребалансирање на  претходно проектираниот буџет.


Ное 14, 2011

Министерот за локална самоуправа Невзат Бејта во посета на општина Струга и центарот за развој на Југозападниот плански регион. „Од овие средби јас се информирам за секој проблем што го имаат градоначаниците“ истакна министрот Бејта.