Skip to main content
Окт 26, 2011

Преку куклени претстави, учениците од од основното училиште „Страшо Пинџур“ од Вевчани учеа како да ја препознаат и да и се спротивствата на дискриминацијата.


Окт 25, 2011

Младите осмооделенци од струшкото основно училиште „Јосип Броз Тито“, заедно со своите пријатели од Словенија, ги прават првите чекори во волонтерската работа, соочувајќи се со првите предизвици но и задоволства од оваа работа.


Окт 22, 2011

„Нашата земја останува ориентирана кон обезбедување на финансиски средства од надвор, пари кои веруваме дека ќе ги добиеме под добри услови, иако пазарот на капитал станува се поризичен. Напорно работевме изминатиов период и тоа со добар партнер а тоа е Светска банка“, вели министрот за финансии Зоран Ставрески.


Окт 19, 2011

Велешта се соочува со сериозен проблем. Мештаните на ова едно од најголемите струшки села стравуваат од еколошка катастрофа и зараза од поголеми размери. Тоа произлегува од континуираното излњевање на фекалиите, поради нерешениот проблем со секундарната канализација.


Окт 18, 2011

Локалната агенција за развој од Струга преку разни наменски  обуки, студиски патувања и прекугранични средби, ќе ги јакне капацитетите на жените за вработување.


Окт 18, 2011

НВО „Езерка“, од Струга е членка на националната мрежа за борба против трговија со луѓе „Будност“, уште од 2006 година. Зацртана платформа на делување на оваа НВО, е превенција и едукација за подигање на јавната свест, преку имплементација на разни проекти.


Окт 1, 2011

Преку ноќ се демолираат културните обележја на заслужни личности. Деновиве во Струга акруелно е посегнувањето по спомен плочите на добитниците на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, од засега непознати сторители.


Сеп 30, 2011

30 ти Септември, датум кој ќе влезе во историјата на Враништа. Денес се отпочна со реализација на проектот за изградба на канализационата мрежа во ова место, за што жителите чекаа повеќе од 20 години. Овој зафат е голем и чини некаде околу 77 милиони денари.