Јун 15, 2011
Дали навистина сме толку различни?
Младите се оние кои треба да научат да коегзистираат во една мултиетничка средина како Струга, за да подоцна во животот имаат убав меѓусебен однос.
Јун 13, 2011
Третман или тортура за лицата лишени од слобода
Покрај Народниот правобранител, единствено друго тело кое има увид во институциите кои се затворени за јавноста како што се затворите, казенено-порправните домови и психијатриските болници е Комитетот против тортура на Советот на Европа.
Јун 9, 2011
Вредна донација за болница
Два шлепери медицинска опрема пристигнаа во Општата болница во Струга. Се работи за донација од Мичиген, Детроит, вредна 500.000 долари, за која посредуваше локалната самоуправа на општина Струга преку Претседателот на Советот.
Јун 9, 2011
Струга, див запад
Архивата и дел на инвентарот од НВО „Езерка“, се најдоа надвор од работните простории. Од таму велат дека не биле известени што во моментов се случува во деловните простории кои ги користеле 11 години, а од локалната тврдат дека уредно биле известени.
Јун 8, 2011
Радомир Андриќ, лауреат на „Година на есејот“
Повелбата „Академија на медитеранот“, годинава, во рацете на српскиот писател Радомир Андриќ. Оваа повелба се врачува на меѓународната манифестација „Година на есејот“, која се одржува по петти пат во Струга.
Јун 8, 2011
Автобуски постојки по светски терк
Мала но значајна инвестиција. Во Струга се реновираат автобуските постојки. Теретот за средствата на инвестицијата е поделен на два дела. Еден дел ќе плати Локалната, а друг Прокредит Банка
Јун 5, 2011
Изборите во Стуга досега течат во најдобар ред
Според податоците во Единствениот избирачкиот список, во општина Струга своето право на глас ќе го остварат 59.460 граѓани.
Јун 3, 2011
Фактите на СДСМ
На само два дена пред гласањето за предвремените парламентарни избори, се огласија струшките социјалдемократи. Кандидатот за пратеник на СДСМ Александра Нестороска, зборуваше за актуелните состојби во локалната, додека пак Александар Попоски за имотната состојба на дел од луѓето во Владата.