Јул 1, 2011
Како се нашите во Пустец?
Унијата на жени на ОК на ВМРО – ДПМНЕ во посета на Пустец, Р. Албанија. Тие остварија средба со градоначалникот на оваа општина Едмонт Темелко и донираа хуманитерна помош на социјално загрозените семејства на македонците кои живеат таму.
Јун 30, 2011
Како да се известува без злоупотреба на лични податоци
Непрофесионално известување од новинарите и непочитување на Законот за заштита на личните податоци. Дали причината за овие состојби е непознавањето на Законот или пак нешто друго. Дирекцијата за заштита на личните податоци преку фокус групи го бара одговорот на ова прашање. Вакви фокус групи ќе се одржат во 10 градови во земјава.
Јун 29, 2011
Признание за успех во осигурителниот бизнис
Свети Наум, погодно место за јубилеи. По повод 2 години успешна соработка на „Кроација осигурување“, АД Скопје, Друштво за неживотно осигурување и 6 години животно осигурување, деловните партнери од Хрватска и Македонија овие јубилеи ги одбележаа со пригодна свеченост.
Јун 25, 2011
Локалната од Струга 6 години без статут
И на 28 седница на струшкиот совет која се одржа на 22 јуни, иако Предлог статутот на општината беше главна точна на дневниот ред истата се одложи.
Јун 24, 2011
150 години од Зборникот на Миладиновци
На денешен ден пред 150 години во Загреб, излезе Зборникот на народни умотворби на браќата Миладиновци. Станува збор за дело со библиско значчење за македонскиот народ. Денес пред спомен домот на браќата Миладиновци, скромно се одбележа овој јубилеј.
Јун 24, 2011
Ќе никне нов „Мост на Нина“
Идејниот проект за новото лице на „Мостот на Нина“, на маса, во кабинетот на градоначалникот Рамиз Мерко. Проблемите поради кои закочи изградбата на мостот се надминати, вели градоначалникот.
Јун 22, 2011
Ачик, градежен шут во центарот на Струга
Ниско ниво на одржување на јавната чистота во Струга. Централното градско јадро класичен пример за хаосот во комуналната сфера. Надлежните, години наназад наместо да се заложат за надминување на ваквата состојба, тие само ја комплицираат и прогледуваат низ прсти на сторителите на ваквиот хаос кои се добро познати, се жалат дел од граѓаните на оваа општина.
Јун 23, 2011
Камп на заднички насмевки и желби
Целта на овој проект е психосоцијална поддршка на овие деца, како и на нивните родители. Проектот е финасиран од „Кореа Ауто Трејд“ од Скопје.