Skip to main content
Јул 18, 2011

Викендов во струшкото село Мислешево непознат сторител извршил тешка кражба.


Јул 15, 2011

Проблемите со насобраниот смет во Струга, сеуште присутни. За момент дури се чини и како да се интензивираат во овој летен период кој е особено значаен за туристичка Струга. Овој пат трн во око е еден дел од Женската плажа во Струга кој не е во сопственост на концесионери, туку е во општинска надлежност.


Јул 14, 2011

Гастрономските специјалитети на на турската кујна, која обилува со ориентални јадења и специјалитети, отсега во Струга.


Јул 14, 2011

Центарот за развој на Југозапдниот плански регион започна со активностите за имплементација на шест проекти одобрени од стана на владата на Р Македонија и финансирани преку министерство за локална самоуправа односно биро за регионален развој. На состанокот кој се одржа денеска во Струга претставниците на 13 те општини од регионов на некој начин беше иницијален за почеток на имплементација на проектот.


Јул 8, 2011

На струшкото пливалиште никна нова платфрма. Од општинскиот градежен инспекторат велат дека е нелегална и истата треба да се отстрани. Додека пак концесионерите на овој дел од охридското крајбрежје велат дека тоа се трибини.


Јул 6, 2011

Домот на Културата во Струга и годинава ширум ги отвори своите порти за соло пеачите. Традиционално и годинава по четврти пат се одржува семинарот за соло пеење, единствен од ваков карактер во земјва. Круна на семинарот е концертот закажан за 08 јули во 21 часот во домот.


Јул 6, 2011

Пливањето во Струга, важи за сезонски спорт. Наместо расадникот на пливачки таленти да се негува и надоградува, истиот се занемарува.


Јул 5, 2011

Зборот дискриминација да се замени со антидискриминација. Најновата едукација спроведена од стручни тимови на МТСП, врз дел од администрацијата на локалната самоуправа и невладиниот сектор од Струга, ја наметнува оваа нова терминологија, за употреба во јавноста.