Skip to main content
Јан 27, 2011

Српската заедница во Македонија денес го слави Свети Сава. Тој е најголемиот српски просветител и прв архиепископ на автокефалната српска црква. Овој празник е еден од најголемите во Српскиот православен календар. По тој повод, овој ден е прогласен за неработен ден за сите припадници на српската заедница.


Јан 27, 2011

ДПА од Струга сеуште неможат да детектираат во какво својство се јавува советникот Арменд Кадриовски кој насекаде го прати градоначалникот.


Јан 26, 2011

Два дуќани во струшкиот пазар сардисани од сите страни. Блокиран излогот на едниот, поставена ограда која другиот дуќан го дели од пазарскиот комплекс и реклама пред двата дуќани која не е ниту од едниот ниту од другиот дуќан.


Јан 22, 2011

„Плачат две деца, од бела и црна човечка раса. Тие иако се различни по бојата на кожата,  солзите им се исти.“ Оваа реченица преземена од плакатот на мултиерничкиот проект „Разликите се наша предност“, кажува повеќе од се и ги буди сите човечки чуства.


Јан 22, 2011

Вчера во близина на рибарското село Радожда беа фрлени мрежи и се уловија 55 кг риба од кои се собрани 50.000 икра.


Јан 21, 2011

Во Охрид и Струга нема морбили или мали сипаници. Нема инфицирани ниту од свински грип. Сезонски грип има и секој ден се зголемува бројот на заболени лица.


Јан 20, 2011

Измени на постојниот закон за игри на среќа. Со овој потег ќе и биде овозможено на Управата за јавни приходи да има постојан увид во реално време врз сите уплати и исплати кои ќе бидат вршени во овие објекти. Сопствениците на ваквите објекти се незадоволни.


Јан 19, 2011

„Овој ден е отсекогаш посебен за мене“, изјави годинешниот фаќач на крстот во Струга, Мирко Димоски.