Окт 16, 2010
Јавно приватно партнерство „ДА“, но строго дефинирано
Јавно приватно партнерство во МЈП Проаква, добредојдено за замена на старите дотраени водомери. Но во јавниот интерес, капиталот, услугите и контролата над производството на вода, никој не може да замеша прсти, вели првиот човек на МЈП „Проаква“, Бранислав Трпчевски.
Окт 15, 2010
Корупција има
Свесни за оваа состојба се и надлежните, високо државни структури на земјава. Борбата против ова зло отпочна, но очигледно, не доволно за да се сузбие. Министерот за правда Михајло Манески веќе предложи низа превентивни мерки, но и континуирана а не кампајнска битка.
Окт 14, 2010
Вакцината против хуман папилома вирусот, задолжителна
Девојчињата на 12 годишна возраст задолжително ќе се вакцинираат против хуман папилома вирусот. Оваа вакцина влезе во календарот за имунизација на населението како задолжителна во 2009 год, но и после една година, родителите сепак скептици, колку и дали девојчињата навистина треба да ја примат.
Окт 13, 2021
Пожар во автомобил на патот Вевчани-Струга
На 12.10.2021 година во 21 часот во СВР Охрид, пријавен е пожар во патнички автомобил „Мерцедес Смарт” кој се движел на патот Вевчани-Струга, во кој нема повредени лица.
Окт 14, 2010
Реформи во спортскиот риболов
Најбројните спортисти на ниво на Македонија, рибарите, со најслаби резултати во светот. Нашите рибари на првенството во Англија го освоија 19 загарантирано последно место во лов на крап.
Окт 13, 2010
НВО Езерка порачуваат „Разликите се наша предност“
Претставник на Министерството за труд и социјална политика, претставници на невладини организции, институции во Струга дискутураа на тема „Почитување на разноликоста и воспоставување на еднакви можности за сите граѓани на Р Македонија“.
Окт 13, 2010
Ќе се следат ретките птици на Галичица
Во Стење се гради првата набљудувачница. Од тука научниците ќе го следат развојниот пат на ретките видови птици во регионот на Преспанското Езеро.
Окт 12, 2010
Се лови на големо, а се санкционира минимално
Билатералниот додовор меѓу Македонија и Албанија спас за охридските ендемични видови риба. Во спротивно црно и се пишува на охридската пастрмка па и белвицата, предупредуваат спортските риболовци од Охрид.