Јун 22, 2026
Од 24 до 29 јуни Струга повторно ќе дише во ритамот на поезијата
Покрај лауреатот на највисокото фестивалско признание „Златен венец” Анеке Брасинга од Холандија, добитникот на наградата „Мостови на Струга”, Британскиот поет Даниел Хајндс, на јубилејното фестивалско издание учество ќе земат еминентни поети од Македонија, Грција, Турција, Бугарија, Австралија, Албанија, Холандија, Италија…
Јун 22, 2026
Потребни се политичка волја и конкретни мерки за заштита и зачувување на Охридското езеро
Загадувањето, урбанизацијата, масовниот туризам и сè поголемиот број пловни објекти се клучните закани со кои денес се соочува Охридското Езеро, едно од најстарите и најзначајните езера во Европа. Потребни се конкретни мерки за заштита и политичка волја за зачувување на еко системот. Ова е пораката, која беше испратена вчера на Денот на Охридското Езеро.
Јун 19, 2026
Стружанец се повредил при риболов со харпун во Охридското Езеро
По наредба на јавен обвинител, харпунот и целокупната риболовна опрема се одземени за понатамошна постапка. По целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.
Јун 18, 2026
Веслачка федерација на Република Македонија
Отворен ден во веслање и Државно првенство во сабота во Струга
Настанот се организира во рамки на проектот „Веслање без бариери“, ко финансиран од Европската унија.
Јун 17, 2026
Општина Струга отстрани нелегално поставена урбана опрема од јавни површини
Локалните власти апелираат до правните и физичките лица да ги почитуваат законските процедури и прописи при користењето на јавните простори, со цел да се обезбеди уредна и безбедна урбана средина.
Јун 16, 2026
Стружанката Ана Стојаноска ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2026 со песна на Никола Мицевски и Илчо Нечовски
МРТ: Македонската песна за Јуниорскиот Евросонг 2026 ги обединува талентот на Ана Стојаноска со искуството и креативноста на авторскиот тим. Преку гласот на Ана, музичката визија на Никола Мицевски и лирската чувствителност на Илчо Нечовски, Македонија има за цел да претстави песна со емоција, енергија и силна порака за младата публика ширум Европа.
Јун 16, 2026
Смртта на 20-годишно момче ја отвори болната тема за безбедноста на струшките капалишта
Безредието на струшкото крајбрежје повторно во фокусот по трагичната смрт на 20-годишно момче кое вчера се удави на „машка плажа” откако скокнало од педалинка. Случајот повторно ги отвори прашањата за безбедноста на капалиштата, каде со години нема спасители, ниту јасно уреден ред и контрола.
Јун 15, 2026
Известување за дезинсекција против комарци на територијата на Општина Струга
Општина Струга ги известува граѓаните и пчеларите дека на 18 јуни 2024 година ќе се спроведе терестријална (од земја) и аеросолна дезинсекција со цел уништување на комарците на целата територија на општината.







