Авг 11, 2023
ЧУВСТВОТВОРЕН ЈАЗИК
Објавено промотивното видео за СВП 2023
ЧУВСТВОТВОРЕН ЈАЗИК е мотото на годинешното издание на Струшките вечери на поезија кое е илустрирано на плакатот за манифестацијата и промотивното видео.
Авг 10, 2023
Струга секое лето со проблеми во водоснабдувањето
Струга и ова лето се соочува со рестрикции во водоснабдувањето. Најкритично е во ек на сезоната, кога потрошувачката и потребите се двојно поголеми. Поплаки има и од граѓаните и од туристите.
Авг 10, 2023
Фестивалот на краток филм
„Drim Short Film Festival“ од 14 до 17 август во Струга
Покрај натпреварувачките програми, фестивалот ќе ја претстави специјалната програма „MK Special“ со цел промоција на македонскиот филм и младите македонски автори.
Авг 9, 2023
Стружани се жалат на преголема бучава oваа сезона
Бучавата и ова лето не ги поштеди стружани и бројните туристи. Гласна музика и врева до раните утрински часови го реметат мирот и сонот на сите. Активистите велат не се почитува ниту Законот за угостителска дејност, во поглед на дозволеното работно време, а инспекторатот оваа сезона не врши доволно контроли.
Авг 4, 2023
Печалбарите ја преполнија Струга
Во шпицот на сезона Струга преполна со туристи. Најбројни се печалбарите. Понатаму гостите од Холандија, Полска, Косово и Турција. Туристичките експерти велат градот на мостовите има огромен потенцијал за развој на алтернативен и културен туризам за продолжување на сезоната.
Авг 3, 2023
Рурален туризам
Во туристичко Вевчани недостигаат сместувачки капацитети
Расте бројот на туристи во општина Вевчани, а со тоа и потребата од сместувачки капацитети. Општината во генералниот урбанистички план предвидува изградба на неколку хотелски капацитети, а веќе имало и заинтересирани домашни и странски инвеститори. Во Вевчани оваа сезона најбројни се гостите од Холандија и Полска, но и домашните туристи.
Авг 1, 2023
Високи температури и човечки фактор
Зголемен бројот на пожари во струшко
Противпожарната единица на Струга само во јули имала 15 поголеми интервенции на терен. Најчесто се работи за шумски пожари или спалени земјоделски површини. Од противпожарната единица велат зачестените пожари се должат на високите температури и невниманието на жителите.
Јул 31, 2023
Петар Пан долета во Струга
Возбудливата претстава „Петар пан – Големата битка“ утревечер во Струга
Претставата ,,Петар Пан – Големата битка” е закажана за 01.08. (вторник) почеток во 20:30ч. ( кајак кану клуб Дрим Струга)
