Skip to main content
Мај 13, 2010

Сојузот на борците најавуваат активен период на работа. Новиот претседател Гоце Георгиески, има полни раце работа бидејќи според него расте интересот на луѓето кои сакаат да се членови на сојузот на бoрците од Охрид.


Мај 13, 2010

Спасовден и годинава традиционално одбележан во Горно Лакочереј. Варошани и оваа година дел од главната церемонија. Манастирот обезбеди софра за сите посетители, а неа ја благослови Г-дин Тимотеј.


Мај 13, 2010

ИПА Програмата за прекугранична соработка го отвори вториот повик за доставување проекти. Интересот за аплицирање на охриѓани голем, но реагираат на условите кои се бараат за подготвување на проектите.  Во првиот повик кој беше скоро пред една година биле пријавени 60 апликации, но сеуште нема информации дали некој ќе биде прифатен, затоа што евалуацијата е во тек.


Мај 11, 2010

Струшките таксисти на мета на охридските инспекциски служби. Во период од еден месец изречени се 15 мандатни казни на таксисти од соседната општина. Глобите се високи и изнесуваат до 3000 евра, велат од општинскиот комунален инспекторат.


Мај 11, 2010

Претседателското место на струшкиот огранок на ВМРО – ДПМНЕ примамлива позиција за повеќето партиски активисти во оваа општина. До крајот на неделава треба да се знае кој ќе застане на оваа челна позиција.


Мај 10, 2010

Од ДПА  Струга со сериозни обвинувања за работата на советниците и градоначалникот Рамиз Мерко . Првиот човек на Струшкиот огранок на ДПА, Зиадин Села вели дека на совет се носат многу одлуки по диктат на локални моќници. Од локaлната самоуправа ги дементираат овие обвинувања и велат дека сите одлуки се донесени соодветно законските прописи.


Мај 8, 2010

Груевски денес во Охрид ја предаде во употреба првата зграда од планираните четири на локалитетот „Расадник“. За изградба на оваа зграда инвестираше Владата и понудена е најповолна цена за откуп на стан по метар квадратен.


Мај 7, 2010

Во Струга одбележан денот на Европа 9 ти Мај. На Македонија местото и е во големото европско семејство, порача првиот човек на општина Струга, Рамиз Мерко. Евроамбасадорот Ерван Фуере изненаден од спектаклот што општината го приредила по повод овој ден.