Skip to main content
Мар 19, 2010

СОУ „Ибраим Темо“ денес го одбележа својот патрон. Со едночасовна културно уметничка програма, на три јазици, македонски, албански и турски, учениците докажаа дека ова училиште не е веќе место на немири туку поле на меѓуетнички соживот.


Мар 19, 2010

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струга, Славко Котески, бил разрешен на синоќешната седница на општинската организација на партијата.


Мар 18, 2010

Ситуацијата со испуштањето на фекални води во езерото и реката Дрим повеќе од алармантна, истакна денес на прес конференција градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.


Мар 18, 2010

Маријачи музиката се негува од колено на колено. За да си во составот на маријачи бендот треба само да знаеш да свириш и да пееш убаво, велат маријачите кои синоќа ја посетија Струга.


Мар 17, 2010

Регионалните патишта на охридско – струшкиот регион максимално уништени. Се тампонираат ударните дупки на патниот правец Струга – Дебар, кои се причина за многу сообраќајни незгоди и уништување на возилата.


Мар 17, 2010

Проектот за управување со басенот на реката Дрим почнува со своја динамика. Првиот Национален консултативен состанок веќе договорен, ќе се одржи во Охрид на 27-28 мај, потврдуваат од билатералниот секретаријат.


Мар 16, 2010

„Езерка“ будно ја демне трговијата со луѓе. Трговците не бираат начин за вовлекување на жртвата во овој вид на криминал. Во моментов во тренд е невеста по нарачка. Загрижува возрасната граница. Жртвите се најчесто на 12 години.


Мар 16, 2010

Буниште во централното градско подрачје во Струга. Истурени најлони со ѓубре на сите страни, има и такви кои висат дури и по струјните и телефонските кабли.