Skip to main content
Апр 8, 2010

Современ оперативен зафат на вратен пршлен со вградување на заменик на меѓупршленски диск. Околу 15 пациенти годишно ќе можат да ги почувствуваат благодетите од овој оперативен зафат. Во светот ваквата операција чини околу 30 000 евра.


Апр 8, 2010

Олеснување за студентите на ФТУ. Студенскиот парламент одобри уште една испитна сесија во месец април која ќе биде од 10-ти до 30-ти. Пријава за испити се врши од 6-ти до 9-ти овој месец.


Апр 7, 2010

Во Струга овој центар ќе функционира во склоп на дневниот центар Порака Нова и е дел од проектот финансиран од страна на Европската унија, насловен како „Дозволете да развиваме нови вештини.“


Апр 7, 2010

Правата на жените на завидно ниво во вевчанските институции. За тоа се залага комисијата за родова еднаквост, преку соработка со локалната самоуправа и други институции.


Апр 6, 2010

На денот на најголемиот христијански празник Велигден, некаде околу 20 часот се случи физичка пресметка помеѓу членовите на актуелната владејачка партија ВМРО – ДПМНЕ.


Апр 5, 2010

Рецепт за успех постои. И покрај тоа што повеќе од хотелите во Охрид и Струга беа полупразни, хотелот „Дрим“ од Струга за велигденските празници полн.


Апр 5, 2010

Струшките советници протестираат против концесијата за каменолом во Лабуништа, месност Kалишта, Струшко. Тие велат дека многу дрвја биле исечени  за да се направи пат до каменоломот.  На сите кои имаат дел во овие проекти им порачуваат дека нема да ги остават на раат.


Апр 3, 2010

Три генерации од охридското семејството Велиу се глуви. Ведрите членови на семејството секој ден во 20 часот се пред  малиот екран – го следат специјалниот дневник на ТВМ прилагоден за глуви и наглуви  лица. Тие не го кријат  задоволството што сега им се достапни сите информации и случувања во градот.