Skip to main content
Мар 29, 2010

Акцијата „Ден на дрвото“, ќе се спроведе и во Охрид и Струга. Годинава во неа се приклучува и приватна Охридска фирма која на свој трошок обезбедила садници.  


Мар 27, 2010

Глувите лица извисија од ослободување на ТВ претплата. Од Здружението на глуви лица велат Македoнската радио телевизија на крајот од 2009 година им достави решенија на овие лица за наплата на радиодифузната такса и со тоа не го испочитува Законот за радио дифузија од 2006 година.


Мар 26, 2010

Целокупната проблематика околу високиот водостој на Охридското Езеро, на албанската страна со позитивен пристап, додека пак на нашата страна со негативен.


Мар 26, 2010

Дипломати, амбасадори од Скопје, Брисел и Лондон во блиска иднина ќе го посетат меѓународниот универзитет во Струга. Тие на студентите ќе им одржат предавање на теми поврзани со политиката и економијата.


Мар 25, 2010

До 15 април ЈП „Охридски Комуналец“ ќе го подига медицинскиот отпад. Првиот човек на ЈП Сашо Алчев, вели, дека мора да се стави крај на незаконското работење и еднаш засекогаш да се реши овој горлив проблем.


Мар 24, 2010

Под мотото „На потег против Туберкулозата! Преку иновативност до поефикасна акција“, – активистите на црвениот Крст од Охрид, на плоштадот Чинар, делеа едукативни материјали и даваа корисни совети за борбата со оваа болест.


Мар 24, 2010

Лошата состојба на улиците и крпениот асвалт на локалните и регионалните патишта, им создава дополнителни проблеми на возачите. Тампон материјалот законски е недопустлив за полнење на ударните дупки. 


Мар 23, 2010

Една институција треба да биде одговорна за управувањето со водите во Р Македонија, тврдат од Министерството за животна средина и просторно планирање. Досега повеќе институции  имаа дел од надлежностите така што не се знаеше чија е одговорноста, велат од министерството.