Skip to main content
Апр 7, 2023
Средно образование
Конкурс за доделување на стипендии за средно образование објавува Колеџот „Јахја Кемал“. Рокот за пријавување е до 8-ми април.

Апр 4, 2023
Дипломирал со просек 10
Дваесет и седум годишниот Даниел Шикоски од Струга е првиот театарски режисер со хендикеп во земјава, кој дипломирал со проесек 10. Има три факултетски дипломи, а работи на магистратура за театарска режија. Неговиот оштететен вид не го попречува до целта, вели сака да докаже дека и лицата со попречености може да бидат успешни и самостојни.

Апр 3, 2023
Мвр билтен
Кривична пријава за 69-годишен жител на Калишта кој во својство на инвеститор започнал со изведување на доградба на деловен објект, спротивно на основниот проект.

Апр 3, 2023
Единствен храм во земјава посветен на овој светител
После сто години од изградбата се фрескоживописува единствениот манастир во земјава посветен на Свети Јован Владимир во струшко Подгорци. На ѕидовите ќе бидат насликани уникатни фрески, кои досега не постојат никаде во светот. Се возобнови и стариот конак за да заживее манастирот со верници и посетители.

Апр 1, 2023
Во должина од околу 200 метри
Пожар на нискостеблеста вегетација и трска, во должина од околу 200 метри во крајбрежниот езерски појас од Струга кон селото Калишта.

Детска трка во Струга
Мар 31, 2023
Здружение мостови на струга
Оваа година еден ден пред „Трка на поезијата“, на 20 мај дечињата ќе ја обојат Струга со трчање и ќе бидат презентери на еден од најубавите настани, кои ги памети и создава нашата убава Струга, велат организаторите.

Велосипедски ден во Струга
Мар 29, 2023
Во организација на critical mass
Целта на активноста е подигање на свеста кај возачите и да се зголеми желбата на граѓаните за велосипедизмот, Струга да биде пример за поеколошки град.

Мар 28, 2023
Градежни активности
Во текот на 2023 година преку неколку проекти ќе биде реконструиран значителен дел од сообраќајната инфраструктура во општина Вевчани.