Skip to main content
Мар 22, 2023
Заштита на историските наслови
Струшката библиотека ги заштитува вредните збирки. Роднокрајната збирка за историјата на општина Струга и единствената збирка на Струшките вечери на поезијата ќе бидат под специјален режим на чување. Дополнително, со 200 илјади денари годинава ќе се збогати книжниот фонд, подеднакво ќе се набавуваат книги на македонски и албански јазик. Струга има читателска публика, во библиотеката просечно месечно има по 700 членови.

Мар 21, 2023
Не за нас туку заедно со нас
Игор Шајноски од Струга е првиот уличен продавач на списанието „Лице в лице“ во земјава. Момчето со Даунов синдром ги побива стереотипите и предрасудите, попреченоста не е препрека за успех. Тој денес е вработен и самостоен. Во Струга денес се одбележа Светскиот ден за подигнување на јавната свест за лицата со Даунов синдром.

Мар 21, 2023
Се работи на комплетна реконструкција на кујната во детската градинка. Проектот е во соработка со Центарот за развој на Југозападен плански регион.

Мар 21, 2023
Градежни активности
Како што информираше градоначалникот на Вевчани Спасе Кочовски, во текот на вчерашниот ден започна изградбата на локалната улица „Крепо“.

Мар 17, 2023
Рано откривање и третман
Бесплатен скрининг за рано откривање на бубрежни заболувања во Специјалната болница за Нефрологија во Струга. Голем број граѓани ја искористија можноста да направат прегледи и да ги слушнат советите од лекарите. Според статистиката, во светот 850 милиони луѓе имаат некоја форма на бубрежна болест. Кај нас бројката на заболени е 150 илјади од кои еден процент се на дијализа.

Мар 16, 2023
Март месец на бубрегот
Утре од 9 до 11 часот во холот на амбулантно-поликлиничкиот оддел на болницата за Нефрологија во Струга ќе се спроведе бесплатен скрининг за рано откривање на бубрежни заболувања.

Мар 15, 2023
Сообраќајна инфраструктура
По завршување на потребните административни процедури потпишан е договорот за изведување на работи за реконструкција на локалната улица „Крепо” во Вевчани.

Мар 14, 2023
Јп водовод и канализација
Во четврток на 16-ти март од 10 до 17 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на целата територија на општина Струга поради изведување работи од „ЕВН“.