Skip to main content
Јан 13, 2023
Во Вевчани карневалско лудило. Зурли, тапани, ора и стотици маски продефилираа по вевчанските улици. Во фокусот на карневалот беше енергетската и економската криза, европската интеграција на земјава, преговорите со Бугарија, војната во Украина. Првиот човек на општина Вевчани ја повика јавноста да не замерува за маските, бидејки василичарите немаат намера да навредат никого ни по верска, ни по национална основа.

Јан 12, 2023
Закони за заштита на животните во земјава има, но тие не се спроведуваат. После масакрот на десеттина кучиња во Струга активистите бараат надлежните институции да преземат итни мерки за хуман третман на уличните кучиња. Пратениците од Струга велат, власта нема волја да го реши проблемот кој се провлекува со години.

Јан 12, 2023
Вевчани ги чека гостите
СУРАТИТЕ се спремни за дефилето на 13-ти јануари. Бината е наместена и на 12-ти и 13-ти на сцена се МУЗИЧАРИТЕ, велат организаторите на Вевчанскиот карневал.

Јан 11, 2023
Измени во законот
За стимулирање на пазарот на недвижности потребни се измени во постојната законска регулатива. Агентите предлагаат да се укине забраната граѓаните од регионот и неевропските земји да може слободно да купуваат недвижнини во земјава. Постојните закони им овозможуваат само на жители на ЕУ и САД да купуваат недвижности, а граѓаните од регионот мора да бидат правни лица.

Јан 11, 2023
Свр билтен
Жител на струшко Ливада се сомничи дека на улица „Владо Малески” во Струга со ловечка пушка сачмарка усмртил седум кучиња скитници.

Јан 9, 2023
Негување на вера
Речиси сите деца од 5 до 15 години секоја недела се на богослужба во црквата, пеат црковни песни, самоиницијативно учат веронаука, патуваат низ цркви и манастири, организираат хуманитарни акции. Сторија на Соња Рилковска.

Јан 9, 2023
Василичарски карневал
Карневалската традиција во Вевчани и годинава продолжува со многу хумор и сатира низ маските кои се уште автентично ја пренесуваат критиката кон општествено политичките случувања од изминатата година. Традиционалниот маскембал е надополнет со културно-забавна програма која започнува на 12 јануари со македонските поп рок легенди. Годинешното издание необременето со ковид протоколи се очекува да го посетат голем број луѓе од регионот.

Јан 8, 2023
Нарушен јавниот ред и мир
Три лица физички нападнале 55-годишен стружанец во казино сместено во хотел во Струга. Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.