Окт 22, 2026
Приведен 40-годишник кај Ќафасан, затекнат со околу еден килограм марихуана
По целосно документирање на случајот, Регионалниот центар за гранични работи „Запад“-Охрид ќе поднесе соодветна кривична пријава против лицето.
Окт 21, 2026
Стружанец бесправно исекол 175 кубни метри буково дрво, штетата проценета на 5,25 милиони денари
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 46-годишен жител на Подгорци поради сомнение за кражба и пустошење шума. Тој бил затекнат при бесправна сеча во шума во државна сопственост.
Окт 20, 2026
Да ја поддржиме Македонија на Детската Евровизија 2026 во Малта
Со песната „Идната јас“, стружанката Ана Стојаноска ќе има можност да го претстави македонскиот музички талент пред европската публика. Поддршката од публиката е важен дел од натпреварот, па македонските граѓани ќе можат да придонесат за нејзиниот настап со својот глас.
Окт 20, 2026
Со фотозамки засилен мониторинг на балканскиот рис на Јабланица
Околу 30 возрасни единки на балканскиот рис живеат во Македонија, а секоја нова потврда за негово присуство и размножување е значајна за заштитата на овој критично загрозен подвид. На Јабланица, во прекуграничното подрачје со Албанија, ќе се засили мониторингот со фотозамки. Околу 70 научници од Европа, кои истражуваат различни популации на евроазискиот рис, разменија искуства и најнови научни сознанија на работилница во Вевчани.
Окт 17, 2026
Запленет и уништен еден тон пилешки желудници во месарници во Струга и Охрид
При вонредни инспекциски контроли во месарници во Струга и Охрид, Агенцијата за храна и ветеринарство запленила и уништила еден тон пилешки желудници и дополнителни 55 килограми месни подготовки во кои биле употребени овие производи, чиј увоз и употреба за човечка исхрана се забранети од јули 2024 година. Против две месарници се преземени прекршочни мерки.
Окт 16, 2026
Јавен конкурс за лого и слоган за Струга како туристичка дестинација
Од Општина Струга ги повикуваат граѓаните да ги искористат својата креативност и идеи и да станат дел од создавањето на новата туристичка приказна на Струга.
Окт 15, 2026
Вевчани инвестира во зелена енергија, фотоволтаици и топлотни пумпи за пониски трошоци
Вевчани, најмалата општина во земјава и прва зелена општина, засилено работи на унапредување на енергетската ефикасност. Фотоволтаични системи се поставени на повеќе јавни објекти, а со инвестиции во енергетски ефикасни фасади и топлотни пумпи, општината настојува да ја намали потрошувачката на енергија и трошоците за електрична енергија.
Окт 14, 2026
71-годишен маж бил прегазен од трактор во сопствениот двор во Мислешево
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.








