Skip to main content
Јан 9, 2023
Василичарски карневал
Карневалската традиција во Вевчани и годинава продолжува со многу хумор и сатира низ маските кои се уште автентично ја пренесуваат критиката кон општествено политичките случувања од изминатата година. Традиционалниот маскембал е надополнет со културно-забавна програма која започнува на 12 јануари со македонските поп рок легенди. Годинешното издание необременето со ковид протоколи се очекува да го посетат голем број луѓе од регионот.

Јан 8, 2023
Нарушен јавниот ред и мир
Три лица физички нападнале 55-годишен стружанец во казино сместено во хотел во Струга. Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Јан 6, 2023
Општина Струга конечно издвои пари за решавање на проблемот со уличните кучиња. Градоначалникот вели немаат капацитет за отворање на Центар за згрижување на бездомните кучиња, но ќе преземат активности за контрола на популацијата преку стерилизација и кастрација.

Јан 6, 2023
Објавен конкурс
Конкурсот трае до 21 февруари 2023, до кога сите книги и пријави треба да пристигнат на поштенската адреса на Струшките вечери на поезијата.

Јан 4, 2023
Издавачки центар алдебаран струга
Издавачкиот центар Алдебаран во рамките на својата издавачка дејност, објави седум нови книги на Брајово писмо.

Јан 4, 2023
Пожар во станбена зграда
Загрозена им е безбедноста подолго време од две станарки кои живеат на прв и петти спрат. Соседките собираат разни видови отпад кој го користат за греење. Повозрасната станарка, со ментално нарушување, синоќа, предизвикала пожар во кој посериозно настрадала. За среќа зградата не летна во воздух, велат станарите додавајќи дека затиле надлежните служби до кои се обраќале за помош во многу наврати.

Јан 4, 2023
Традиција со години
При крај се подготовките за овогодинешното издание на Вевчанскиот карневал. Организаторите најавуваат богата музичка програма.

Јан 3, 2023
Манифестација
Музичката програма за овогодинешното издание на Вевчанскиот карневал полека, но сигурно се „крчка“, информираат организаторите.