Skip to main content
Окт 6, 2022
Кривична пријава
43-годишен стружанец и 21-годишен охриѓанец се фатени при продажба на дрога. Кај еден од нив пронајден е кокаин.

Окт 3, 2022
Енергетска криза
Дополнителен товар е и зголемувањето на цената на нафтата, која е 50 % повисока од лани. Испратиле дописи до министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување за надминување на проблемите предизвикани од енергетската криза. Сите јавни здравствени установи ќе бидат обезбедени со електрична енергија преку ЕСМ со продажба по поповолна цена од берзанската, најавија од владината прес служба.

Окт 3, 2022
Обезбедени се 7,9 милиони евра
Реконструкцијата на магистралниот пат Подмолје–Струга–Ќафасан ќе заврши за 15 месеци, вели Ејуп Рустеми, директор на ЈПДП.

Окт 2, 2022
Приведено лице од албанија
При извршена контрола во патничко возило со албански национални ознаки, биле пронајдени 91,333 килограми риба, поточно 119 парчиња охридска пастрмка.

Сеп 30, 2022
Општината штеди струја
Струга штеди електрична енергија. Градот е во мрак. Во поголемиот дел од општината од 22 часот се гасат уличните светла. Граѓаните се револтирани, велат не можат да се движат ноќе, а плаќаат ставка за улично осветлување.

Сеп 30, 2022
Реакција
Друштвото на писателите на Македонија одржа трибина за литературните манифестации, а меѓу другото се произнесе со остра реакција за лошото раководење со СВП.

Сеп 28, 2022
Заштита на природното богатство
Екологистите бараат што поскоро да заврши постапката за прогласување на Јабланица за национален парк. Соголувањето на шумите и нелегалните градежни активности се клучните предизвици на планинскиот појас познат по ендемичната флора и фауна. Албанската страна од планината Јабланица е национален парк уште од 2008 година, во земјава има иницијатива уште од 2007 година, но постапката не е завршена.

Сеп 27, 2022
Повторно активирани каменоломите
Лабуништани се закануваат со масовни протести, откако повторно се активира механизацијата на каменоломите во селото. Месното население повеќе од една деценија води битка против работата на петте каменоломи во селото, кои ја загадуваат почвата, водата и имаат штетни последици врз здравјето нa луѓето. Во 2020 година владата им ги раскина концесиите, но од пред неколку месеци тие повторно започнаа со работа. Од министерството за економија велат Управниот суд ја поништил одлуката на Владата поради едностран раскин на договорите за концесија.