Skip to main content
Сеп 19, 2022
Судскиот процес за струшката депонија, по првата поднесена граѓанска тужба, заглави во апелација. Седум месеци нема одговор, по поднесената жалба од страна на тужените: министерството за животна средина, општина Струга и јавното комунално претпријатие, коишто струшкиот суд го прогласија за ненадлежен за вакво судење. Екологистите алармираат, велат судскиот процес со струшката депонија бара итно решавање, бидејки изминативе пет години во струшко има значителен пораст на заболени од карцином и респираторни заболувања.

Сеп 15, 2022
Реконструкција на улица до спортско образовниот комплекс
Со реализацијата на проектот се предвидува реконструкција на дотраената пристапна улица до спортско-образовниот комплекс во Вевчани.

Сеп 14, 2022
Преку дигитални алатки
NEUYET проектот, кој е поддржан од Еразмус+ програмата обезбедува 8 иницијативи за младинско демократско ангажирање и учество за младите од Италија, Грција, Франција, Кипар, Македонија и Норвешка.

Сеп 14, 2022
Вршел јавен превоз без лиценца
Кривична пријава за 53-годишен жител на струшкото село Драслајца за вршење јавен превоз без лиценца, информираат од СВР.

Сеп 2, 2022
Министер за образование и наука
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири во посета на струшките основни и средни училшта. Најави целосна реконструкција на основното училиште „Браќа Миладиновци“ и ги пофали средните училишта од соседна Струга како образовни установи кои со средства од сопствениот буџет успеале да реализираат голем број инфраструктурни зафати за подобрување на условите за одржување на настава.

Сеп 2, 2022
Социјална политика
Поттикнуваат здрав начин на живот за лицата со посебни потреби. Од невладината организација спроведуваат и обуки за давање социјални услуги.

Авг 30, 2022
Џудо клуб Дрим Струга
Новиот проект за спортска инклузија на лицата со интелектуална попреченост во охридско-струшкиот регион. Проектот започнува со примена од септември во соработка со џудо клубови од Србија и Романија.

Авг 29, 2022
Интернационална поетска манифестација
Со поетското читање „Мостови” и врачување на наградитe, „Златен венец“, „Браќа Миладиновци” и „Мостови на Струга” синоќа свечено беше затворено 61-то издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“.