Skip to main content
Окт 14, 2026
Од Македонското еколошко друштво посочуваат дека ваквите меѓународни средби се значајни за размена на научни сознанија, воспоставување соработки и унапредување на мерките за заштита на рисот.

Вевчани Би би си
Окт 13, 2026
Вевчани сè повеќе се наметнува како дестинација за туризам во текот на целата година. Подножјето на Јабланица, Вевчанските извори, богатата традиција и локалната гастрономија привлекуваат домашни и странски гости, а расте и интересот за активен и планински туризам, со пешачење, велосипедизам и виа ферата.

Окт 6, 2026
Десет нови информативни табли се поставени во заштитеното подрачје „Вевчански Извори“, додека паралелно продолжува и реконструкцијата на осветлувањето на пешачките патеки, со што се унапредуваат условите за посетителите и се придонесува кон подобра заштита и промоција на природните вредности на локалитетот.

Окт 5, 2026
Големо археолошко откритие кај струшко Корошишта. На локалитетот Расница е откриен вториот богат архајски гроб од шестиот век пред нашата ера, со целосна воена опрема, златна фолија и вредни предмети. Се претпоставува дека се работи за златна маска постара од требенишката.

Окт 5, 2026
Нови исклучителни археолошки откритија на локалитетот Расница кај Корошишта – Струшко, каде годинашните истражувања открија богато војничко погребување со комплетна воена опрема, меѓу која штит, шлем, копја и меч, како и вредни предмети од злато, бронза и килибар.

Окт 2, 2026
При посетата, министерот истакна дека на среден рок е потребно да се најде ново решение за просторното функционирање на Општата болница.

Сеп 29, 2026
Поплави, пожари и невремиња , ризиците се менуваат, а со нив мора да се менува и подготвеноста на институциите. Во земјава ќе се воведува нов систем за командување во кризни состојби, со кој институциите на локално и централно ниво ќе имаат подобар увид во случувањата на терен, а за првпат ќе се користи и вештачка интелигенција при донесувањето одлуки.

Струга Црн Дрим
Сеп 29, 2026
Теми на консултациите ќе бидат новата Програма и Правилникот за невладини организации.