Skip to main content
Јул 1, 2022
Состојбата е алармантна
Изминатава недела случени се повеќе напади врз малолетни деца, а удавено е и цело стадо овци во село Мислешево. Граѓаните загрижени и револтирани, општината сеуште нема решение.

Јун 30, 2022
Нелегален транспорт
Жител на Велешта и жител на Вевчани се приведени поради нелегална сеча и нелегален транспорт на огревно дрво кај месноста „Равење“.

Јун 30, 2022
Брег на охридско езеро
Пронајдени две стари гранати кај Калишта. Подигнувањето на гранатите, денеска ќе го изврши претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.

Јун 29, 2022
Старо градско јадро
Од Општина Струга велат дека со реконструкцијата ќе се подобрат условите за сообраќај и движење на пешаците во овој дел од градот.

Јун 28, 2022
Проблеми со водоснабдување
Секое лето иста мака во струшкиот регион. Граѓаните се жалат на секојдневни проблеми со водоснабдувањето. Од ЈП „Водовод“ Струга велат се случуваат прекини во водоснабдувањето поради интервенции врз дефекти или поради нови инвестиции за подобрување на водоводот.

Јун 27, 2022
Угостителски сектор
Голем број вработени во угостителскиот сектор од охридско-струшкиот регион ова лето работат на Јадранот. Еден од нив е готвачот Никола Петрески од Струга, кој за ТВМ раскажува како е да се работи во Хрватска, во споредба со Охрид и Струга.

Јун 27, 2022
Нелегална сеча на огревно дрво
Лицата се приведени во полициска станица, возилата со нелегално исечените дрва се одземени и предадени на Шумската полиција.

Јун 24, 2022
Здравствен дом др светозар чочороски
Се надоградува биохемиската лабораторија во Здравствениот дом Вевчани. Набавени се нови медицински апарати и извршена е надградба на лабораторискиот информативен систем. Постојано има реагенси за сите видови анализи, токму затоа зголемен е бројот на пациенти од целиот регион.