Skip to main content
Охридско Езеро
Сеп 14, 2023
МЖСПП
Заради геоморфолошките и хидролошките карактеристики, исклучителните природни вредности како дел од Светското природно наследство на УНЕСКО и еден од најважните рефугиуми центри на биолошка разновидност во европски и светски рамки, Охридско Езеро се прогласува за заштитено подрачје од III категорија – Споменик на природа.

Весламе за ретките
Сеп 12, 2023
На маратонот учество ќе земат над 20 кајакари од различни возрасни категории. Стартот е закажан во 12:30 часот од Женска Плажа.

Владимир Алексијоски
Сеп 11, 2023
ДЈП Колекторски систем
Од ЈП „Колекторски систем“ сметаат дека  доизградбата на колекторот  на струшкиот дел од езерото ќе прави огромни трошоци за одржување, па затоа е потребна засебна пречистителна станица. Овој проект   би чинел околу 800 илјади евра, а средствата ќе се обезбедуваат од европските фондови преку ИПАРД 3 програмата или преку кредитно задолжување со што струшкиот дел од Охридското Езеро целосно ќе биде заштитен

spomenik Struga
Сеп 7, 2023
Уставен суд
Судот зазема став дека во овој случај не станува збор за пропис кој подлежи на уставно-судска оцена, поради што ја отфрли  иницијативата поднесена од страна на советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Д-р Даскалоски Здравствен дом Вевчани
Сеп 4, 2023
Првата мамографија во Југозападен регион направена во Здравствен дом Вевчани
Зголемен бројот на заболени од карционом на дојка во Југозападниот регион во земјава. Најмладата пациентка со дијагностициран  рак на дојка има само 27 години, а најстарата 84 години. Ова се дел од  податоците од Здравствениот дом Вевчани, каде точно пред 20 години е направена првата мамографија во Југозападниот регион.

Струга совет
Авг 22, 2023
Совет на Општина Струга
Струшките советници од опозицијата се оградуваат од инволвираност во делата за кои се товари градоначалникот Мерко од страна на Стејт Департментот. Опозицијата од струшкиот совет го повика Мерко да поднесе оставка, за да остави простор истражните органи без притисок и самостојно да вршат истрага. Одговорност бараат и од советниците кои го поддржуваат градоначалникот во како што велат незаконското работење.

Струга Црн Дрим
Авг 22, 2023
Општина Струга
Иако од денеска стружани слободно може да ја користата водата, ќе треба да се стрпат уште малку, затоа што поради изведување работи од страна на “ЕВН”, денеска повторно има прекин во водоснабдувањето на целата територија на општина Струга.

Пображење
Авг 18, 2023
Со дефиле на учесниците од културно-уметничките друштва, годинешни учесници од земјава и странство, синоќа, официјално започна тринаесеттото издание на фестивалот на народна култура „Пображење“ во Вевчани.