Skip to main content
Јун 6, 2022
Основен суд во струга
На обвинителна клупа требаше да седнат лекарот гинеколог Мухамед Асани и уште двајца негови колеги, но тие не се појавија во судницата.

Јун 2, 2022
Соголување на шуми
Нелегална сеча ја пустоши планината Јабланица. Шеесеттина камиони натоварени со огревно дрво дневно минуваат низ струшкото село Вишни. Иста е состојбата и во соседно Радолиштa. Жителите преку собир бараат надлежните да прогласат мораториум за сеча.

Јун 1, 2022
Вевчански видувања
Од 27-ми јуни до 4-ти јули во склоп на Вевчанската колонија „Вевчански видувања“ ќе се одржи летна ликовна школа за деца.

Јун 1, 2022
Сместувачки капацитети
Во струшко недостигаат современи хотелски капацитети. Потребни се зелени еко инвестиции за привлекување и сместување што поголем број туристи. Мал е брoјот и на категоризирани луксузни апартмани во приватното сместување во струшко.

Јун 1, 2022
Здравство
Во пост ковид периодот зголемен бројот на мозочни удари и карциноми на подрачјето на Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“ Вевчани. Лекарите велат забележителни се и минливи пост ковид компликации како воспаление на срцевиот мускул и градна болка кои се лекуваат со лесна терапија. Лабуништа беше едно од првите села погодено од пандемијата, каде е излекуван најстариот ковид пациент со билатерална пневмонија.

Мај 31, 2022
Каменоломи
Жителите на струшкото село Белица се закануваат со блокади и протести против каменоломите во селото. Камионите и механизацијата им ги уништуваат патиштата и куќите, а жителите велат, се гушат во прашина. Бараат Владата да ја стопира работата.

Мај 30, 2022
Екологија
До редакцијата на ТВМ Пристигна допис од Месната заедница на Селото Вишни, во врска со големиот број проблеми со кои се соочуваат вишненци.

Мај 30, 2022
Екологија
Подводна акција за инсталирање на автоматски станици за рано предупредување во Дебарското Езеро. Помогнаа нуркачите од клубот „Врело“.