Мај 2, 2022
Традицијата на патните трошоци
„Доста е“: Кратење на патните трошоци на пратениците
Во најголемата економска криза, само за шест месеци потрошени се околу 100 000 евра за патни трошоци. Активистите бараат пратениците да покажат доблест и да користат бесплатен јавен превоз.
Апр 29, 2022
Инфраструктура општини
Постапка за изградба на обиколница во Вевчани
На својот Фејсбук профил Градоначалникот на Општина Вевчани Спасе Кочовски информира дека во тек е п0остапката за изградба на втората обиколница во Вевчани.
Апр 27, 2022
Штрајк во образование
Образовен хаос
Половина од учениците во струшко одат на училиште. 38% од наставниците и професорите се обидуваат да реализираат настава, останатите штрајкуваат. Вистински образовен хаос. Не се знае како ќе се надоместува изгубената настава за одредени предмети од професорите кои штрајкуваат, но и за учениците, кои повеќе од две недели воопшто не одат на училиште.
Апр 26, 2022
Органско производство
Измени во субвенциите за производство на лешници
Локалните производители на органски лешници и намази од струшко, кои до 2019 ги освоија поголемиот дел од европските пазари, денес се соочуват со голема нестабилност. Не можат да обезбедат конкурентна цена за пласман на своите производи. Бараат измени во доделувањето на субвенции.
Апр 25, 2022
Изгорена езерска трска
Прав и пепел на потегот Струга-Калишта
Повеќе од една третина од езерската трска на потегот Струга-Калишта е потполно уништена. На спалените површини вдолж крајбрежјето никнуваат нови парапетчиња. Актвистите бараат засилени контроли од страна на инспекциските служби и казни за несовесните граѓани.
Апр 23, 2022
Викенд населба
Локализиран пожарот над Елен Камен
Целосно е локализиран пожарот над струшката населба Елен Камен, кој вчера попладне избувна во шумата на патот кон селото Радожда.
Апр 21, 2022
Туризам
Се чисти и уредува Вевчани
Општина Вевчани е подготвена да ги пречека туристите за претстојните празници. Се чисти и уредува секој дел од Вевчани. Оваа година, приоритет на општината е реконструкција на улиците и пробивање на земјен пат до земјоделските парцели.
Апр 15, 2022
Економија
Економско дипломатски караван во Струга
Итни економски мерки за ублажување на последиците од светската економска криза и намалување на невработеноста во Југозападниот плански регион. Ова се дел од заклучоците на првиот економско дипломатски караван во организација на министерството за надворешни работи, што денес се одржа во Струга. Компаниите ги претставија своите економски и инвестициски потенцијали пред високи дипломати во земјава.