Skip to main content
Апр 12, 2022
Социјала
Во пораст бројот на социјално загрозени во струшко. Поскапувањето на цените на основните намирници придонесе се` поголем број граѓани да се борат со сиромаштијата. Најпогодени се многудетните семејства и самохраните родители.

Апр 11, 2022
штрајк СОНК
Половина од наставниците од СОУ „Нико Нестор“ во Струга не го поддржаа генералниот штрајк. Од Регионалниот одбор на СОНК велат, штрајкуваат поголемиот дел од професорите и наставниците во Струга, Дебар, Вевчани и Центар Жупа.

Апр 8, 2022
Кривична пријава
Поднесена кривична пријава против 52-годишен скопјанец кој пукал со огнено оружје на улица во Струга. Оружјето нелегално го поседувал.

Апр 7, 2022
Рибокрадство
Забранет риболовот, а охридските риби ексклузивна понуда во ресторанските менија. Невладините велат, Охридското Езеро е на удар на рибокрадците кои „дебело“ заработуваат уништувајќи го рибниот фонд. Бараат засилени полициски контроли, особено во струшкиот дел.

Апр 7, 2022
Вевчани
Започнаа градежните работи за партерно уредување на дворот на мултикултурниот центар “Коста Србакоски” Вевчани.

Апр 5, 2022
Свр Охрид
Жител на струшко Радолишта држел затворена во хотелска соба во Струга државјанка на Шпанија и ја присилувал на сексуални односи.

Апр 4, 2022
Канал Мислешево
Жителите на струшко Мислешево при секој дожд се соочуваат со поплави. 15 години општината не го исчистила каналот во селото. Мислешевци со години бараат решавање на проблемот, но надлежните не преземаат ништо.

Апр 4, 2022
Попис 2021
Струга трет град во земјава кој изгубил најмногу население во изминативе две децении. Тоа го покажува споредбата на податоците од пописот на вкупното население преброено во 2002 и резидентно население преброено минатата година.