Јун 29, 2026
Започна 16. Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“
Под падините на Јабланица, повторно се создава уметност. Шеснаесет домашни и странски уметници од пет земји во наредните десет дена ќе творат во рамки на 16-тата Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања”, преточувајќи го духот на Вевчани на платно.
Јун 29, 2026
Со врачување на највисоките фестивалски признанија завршија 65-тите Струшки вечери на поезијата
Наградата „Златен венец“ на холандската поетеса Анеке Брасинга ѝ ја врачи в.д. директорот на НУМ Струшки вечери на поезијата, Никола Кукунеш.
Јун 26, 2026
Промовирани книги, поетски читања и портрети и на вториот фестивалски ден на Струшките вечери на поезијата
Љубителите на пишаниот збор имаа можност да разговараат со издавачи, агенти и професионални посетители во рамките на платформата ВЕРСОПОЛИС, а вечерта продолжи со меѓународните поетски читања „Кругови“ и традиционалните „Ноќи без интерпункција“.
Јун 25, 2026
Свечено отворени 65-тите Струшки вечери на пoезијата
Струга повторно стана дом на поети од сите поетски меридијани, испраќајќи порака дека поезијата и денес има моќ да обединува, да инспирира и да го брани човечкото достоинство.
Јун 24, 2026
Под мотото „Каде што живее поезијата“, денеска во Струга започнуваат јубилејните 65-ти Струшки вечери на поезијата
Струга од денес до 29 јуни повторно ќе биде светски центар на поетскиот збор. Со садење дрво во Паркот на поезијата и поетско читање започнува јубилејното 65-то издание на Струшките вечери на поезијата, кое годинава ќе обедини околу 70 поети, критичари и литературни творци од земјава и светот. Соња Рилковска ја имаме во живо од Струга.
Јун 22, 2026
Од 24 до 29 јуни Струга повторно ќе дише во ритамот на поезијата
Покрај лауреатот на највисокото фестивалско признание „Златен венец” Анеке Брасинга од Холандија, добитникот на наградата „Мостови на Струга”, Британскиот поет Даниел Хајндс, на јубилејното фестивалско издание учество ќе земат еминентни поети од Македонија, Грција, Турција, Бугарија, Австралија, Албанија, Холандија, Италија…
Јун 22, 2026
Потребни се политичка волја и конкретни мерки за заштита и зачувување на Охридското езеро
Загадувањето, урбанизацијата, масовниот туризам и сè поголемиот број пловни објекти се клучните закани со кои денес се соочува Охридското Езеро, едно од најстарите и најзначајните езера во Европа. Потребни се конкретни мерки за заштита и политичка волја за зачувување на еко системот. Ова е пораката, која беше испратена вчера на Денот на Охридското Езеро.
Јун 19, 2026
Стружанец се повредил при риболов со харпун во Охридското Езеро
По наредба на јавен обвинител, харпунот и целокупната риболовна опрема се одземени за понатамошна постапка. По целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.







