ОВР Струга ја активира велосипедската полициска патрола
ОВР Струга во своето редовно полициско работење ја активира велосипедската полициска патрола, како нова и современа форма на полициско превентивно работење.
Реновирана детската градинка во Вевчани
Објектот е целосно реновиран, а со тоа овозможени се услови за поздрава и постимулативна средина за престој на децата. Проект кој е поддржан со грант од Швајцарската Агенција за обнова и развој, а го избраа граѓаните на Вевчани.
Во Струга слаб интерес за вакцинација
Слаб е интересот за вакцинација во Струга. Најмал одзив има по руралните средини каде процентот на имунизирани е под 20 %. Најголем е во Вевчани, каде 60% од населението над 18 години е вакцинирано. Во Охрид интересот двојно поголем, општината со стапка 42,9% е на второ место во земјава по имунизација после Кавадарци.
Антикорупциска Комисија побара кривично гонење на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко
Антикорупциската Комисија побара кривично гонење на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, јави VOA – Глас на Америка на македонски јазик.
Струшките плажи во ек на сезоната само со неколку спасители
Струшките закупци на плажите во ек на сезона немаат безбедни капалишта. Иако законот им налага, не ангажираат спасители и не ги обележаа капалиштата. Спасителите се од клучно значење за безбедноста на посетителите на плажите, во текот на сезоната се случуваат по стотици интервенции.
Еколозите бараат Јабланица да се прогласи за Национален парк
Јабланица да биде прогласена за Национален парк, во спротивно еколошките друштва од Лабуништа сами ќе го заштитат подрачјето каде со години се врши неконтролирана сеча и масакр врз шумите. По апелите на активистите деновиве во атарот на Лабуништа инспекторите од Институтот за шумарство вршеа увид и донесоа времена забрана за дрвосеча.
139 семки од Канабис пронајдени кај стружанец
Во Струга на 9-ти јули кај едно лице се пронајдени 139 семки од Канабис сатива, четири стебла, две метални дробилки и уште неколку предмети со остатоци од марихуана. Кај лице од Скопје, во автомобил истиот ден е пронајден кокаин.
Спречен шверц на 3 килограми марихуана кај „Ќафасан“
На 9-ти јули 2021 година, во шумски појас во близина на граничниот премин „Ќафасан“ кај Струга, полициска патрола од ОВР Струга, пронајде и одзеде најлонска кеса со околу три килограми марихуана.