И стружани масовно се иселуваат
Според анализата на здружението за мултукулрурна интеграција „Инклузија“ , пандемијата го намали процесот на миграција но анкетите покажуваат веднаш по стабилизирање на состојбите планираат да заминат во европските земји.
Започна со работа модуларната болница во Струга
Моментално во неа се сместени 11 ковид болни пациенти. Состојбата во третиот бран на пандемијата во Струшко е стабилна, има уште 40 тина слободни кревети.
Ја убил сопругата на гости кај пријатели и се обидел да се самоубие
Расправија помеѓу двајца сопружници во стан во Струга прерасна во крваво убиство. Битолчанец си ја убил сопругата и се обидел и да се самоубие. Осомничеиот маж е опериран и се наоѓа надвор од животна опасност. Полицијата и јавното обвинителство работат на утврдување на околностите и фактите под кои се случил настанот.
Нова кривична пријава за палење трски и насипување шут во Охридското Езеро во струшко
Kривична пријава за палење трски и насипување шут во Охридското Езеро во струшко поднесе државниот инспекторат за животна средина.
Случајот со струшката депонија влезе во судница
Денеска во Струга започна судскиот процес за дивата струшка депонија. Македонското здружението на млади правници ги тужи Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Струга и Јавното претпријатие Комунално Струга поради непреземање мерки за справување со депонијата со што го повредилче правотo на здрава животна средина. По неколкуте неуспешни кривични пријави против непознат сторител, ова е прва граѓанска тужба за струшката депонија.
Во Струга епидемиолошката слика е стабилна
Општата болница во Струга е спремна за справување со ковид пандемијата, вели новиот директор на Струшката болница, др Арменд Арслани. Епидемиолошката состојба во Струга е стабилна, а болницата има и опрема и медицински кадар за справување со бранот, уверува Арслани.
Здравствените домови во струшко подготвени за старт на вакцинација на населението
Имунизацијата започнува во петок.
Жителите на струшка Весела Долина конечно ќе добијат социјална зграда
Тоа ќе значи пристојни услови за живот за 40тина семејства кои со години живеат во колиби од картони и ламарина, со калливи улици по кои течат фекалии и затрупани со секаков отпад.