Апр 21, 2023
Граѓанска тужба за загадување на животната средина
Две години се одолговлекува судскиот процес за струшката депонија
Повеќе од две години трае судењето за струшката депонија. За судот не е приоритет загадувањето на животната средина и штетите по здравјето на луѓето, велат од Здружението на млади правници, кои ја поднесоа првата граѓанска тужба за дивата депонија.Загрижувачки се податоците од вештачењето за последиците врз здравјето на луѓето.Изминативе пет години во струшко има значителен пораст на заболени од карцином и распираторни заболувања.
Апр 20, 2023
Недостаток на стручен кадар
Ученици и млади ќе работат во хотелско угостителскиот сектор
Ученици и млади од 16 години ќе го заменат стручниот кадар во хотелско угостителскиот сектор, кој масовно заминува на сезонска работа во странство. Во туристичкиот сектор лани беа ангажирани млади, кои докажаа дека може да одговорат на зададените работни задачи. Во однос на увозот на работна сила од странски земји ХОТАМ смета дека тоа ќе помогне за пополнување на испразнетите работни места во повеќето сектори .
Апр 20, 2023
Вандализам
Исчезна бистата на Славко Јаневски од алеата на писателите во Струга
Исчезна бистата на истакнатиот македонски поет Славко Јаневски од Алеата на писателите на кејот на реката Црн Дрим во Струга. Сомнежот е дека спомен обележјето е украдено, бидејќи имало обид и за кражба на другите споменици на поетските великани. Струшките вечери на поезијата го осудија овој вандалски чин, а настанот е пријавен во полиција.
Апр 17, 2023
Алтернативен туризам
Ќе се обележуваат велосипедските патеки на Јабланица и Караорман
На Јабланица и Караорман ќе се мапираат и обележуваат велосипедските патеки. Овој проект ќе придонесе за поголема безбедност на планинарите и велосипедистите. Велосипедската култура во земјава последните години доживува подем, а интересот за планински велосипедизам енормно расте во светски рамки.
Апр 17, 2023
Адвокатска канцеларија струга
Адвокати бараат измена во законот за плати на функционерите
Адвокатска канцеларија од Струга поднесе иницијатива за измена на чл.11 од Законот за плата на избрани и именувани лица, со што основицата за пресметка на платата на фукционерите ќе се утврди како минималната исплатена месечна плата по вработен за претходната година. Оваа измена на законот е оправдана поради економската криза, а воедно на овој начин ќе се изврши усогласување на платите на избраните и именуваните лица согласно стандардот во државата.
Апр 17, 2023
Трагедија
Во сообраќајка загина 31-годишен жител на Враништа
Триесет и едно годишно лице од село Враништа вчера загина на локалниот пат во Центар Жупа, информираат од МВР.
Апр 17, 2023
Соопштение мвр
Скопјанец и охриѓанка провалиле во викендица во Струга
30-годишен жител на Скопје е уапсен поради сомнение дека противправно задржал тинејџерка од Охрид во викендичка во струшко, во која претходно двајцата заедно провалиле, соопшти полицијата.
Апр 13, 2023
Калишко поле
Почна пролетното спалување на трската во струшко
Нова пролет стари проблеми во струшко. Почна спалувањето на трската во Калишко поле. Изминатава недела евидентирани се два пожари при што е уништена поголема површина на трска. Еколозите алармираат со години. Се уште го нема најавениот видео надзор и ренџерска служба за заштита.







